Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (6)
Голи Оток го уби човекот во Венко
Пред смртта, Венко и' се исповедал на својата сестра Дока: „Јас сум Македонец, Македонија е моја земја“, тврди Виолета Ачкоска
Виктор Цветаноски
„Правејќи анализа на сето она што го слушнавме и прочитавме за Венко Марковски, ни стана јасно како биле злоупотребени неговите човечки слабости. Еден вдахновен, ранлив, занесен поет бил сурово ставен на интригантското тркало на оние ситни медиокритетски политичарчиња на кои бог им ги скратил музите, но ѓаволот им подарил крила со децении да бидат на површината и да се снаоѓаат во сите идеолошки кијамети на Титова Југославија“, пишуваат Виолета Ачкоска и Никола Жежов во книгата „Репресијата и репресираните...“, тврдејќи дека Венко Марковски, всушност, бил присилен да замине во Бугарија.
Според нив, Марковски ја имал таа несреќна судбина да биде ставен во арсеналот на идеолошките непријатели на Комунистичката партија како припадник на групата автономисти и сепаратисти, на групата која се спротивставила на недемократските методи на владеење на сопствената партија, на групата која не го прифатила како дефинитивно југословенското решение на македонското прашање. „Тогаш започнува убивањето на Венко Марковски. Најпрво беше убиен како творец, потоа како човек и, на крајот, како Македонец. Врз него беа извршени три атентати“, подвлекуваат Ачкоска и Жежов.
Тие тврдат дека Марковски бил етикетиран како сепаратист и автономист поради залагањето за интегрално решавање на македонското прашање, односно како припадник на македонското национално крило кое било разочарано од ставот на КПЈ македонското прашање да се реши како југословенско, врз федеративен принцип, но без обединување на Македонија.
Богоја Фотев, кој инаку бил близок пријател со него, сметал дека Венко бил еден од најзаслужните за националното будење на македонскиот народ. „Со јачината на зборот во своите песни, тој придонесе во јакнењето на духот на македонските партизани во Народноослободителната борба. Беше свесен за своите вредности и беше многу суетен. Сметаше дека треба да има главен збор во создавањето на македонската азбука и македонскиот книжевен јазик. Навреден, дојде во судир со ЦК на КПМ, а како последица на тоа, бил изолиран“, вели Фотев.
Поради тоа, во 1946 година Марковски е исклучен од членството на Комунистичката партија, а како причина за исклучувањето се наведува наводното откривање партиски тајни при една средба што ја имал со бугарска делегација во Белград. Кобна за него ќе биде средбата што заедно со Павел Шатев и Димитар Влахов ја имал со В’лко Червењаков и со Тодор Павлов, кој додека бил во Бугарија, ќе пишува мошне поволни критики за неговата поезија и ќе му помогне од логорот „Ени Ќој“ да биде префрлен во санаториум крај Софија. Тогаш ќе настрада и Павел Шатев, кој ќе биде сменет од прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ.
По исклучувањето од партијата, ќе започне хајка врз творештвото на Марковски. Според Ачкоска и Жежов, се' што ќе напишел тој ќе се оцрнело од тогашните платени критичари, нешто што најмногу ќе го погоди Марковски. Ачкоска и Жежов пишуваат дека Димитар Митрев, со кого заедно членувале во Литературниот кружок во Софија во годините пред војната, во книгата „Повоени македонски поети“ воопшто нема да го спомне Марковски, како и да не постоел.
Венко Марковски бил обвинет дека ја застапува линијата на Информбирото. Во 1950 година бил затворен, но подоцна ослободен. Во 1955 одново бил уапсен и осуден на петгодишен строг затвор и испратен на Голи Оток. Во голооточкиот затвор бил до 1961 година.
„Венко беше многу образован и постојано не' подучуваше правилно да зборуваме македонски и да одбегнуваме немакедонски зборови... Ни раскажуваше за Кочо Рацин... Ни кажа како во 1945 година бил кај Тито во врска со македонската азбука... Бев со Венко две години, му бев како син. Таму започна да ја пишува книгата ’Голи Оток, остров на смртта‘ на вреќи од цемент, оти немаше хартија и ми читаше секој ден... Никогаш не спомнал воопшто за некаква бугарштина... тоа мора да е подметнато подоцна. И од сите други Македонци кои беа таму немаше ниту еден кој бил во контакт со Венко, а да слушнал за таква работа, а јас ги познавам сите... Ретко дека постоел така учен човек. По враќањето од Голи Оток, отишол кај татко ми во Зелениково за да му пренесе поздрави од мене вели Барутовски.
Според Ачкоска и Жежов, по враќањето во Скопје, Венко го избегнувале сите познајници и бил под постојана присмотра и следен од полицијата, немал работа ниту средства за живеење. Разочаран и отфрлен, започнал да го губи и видот. Тогаш сестрата на народниот херој Борка Талески, Вера, побарала Крсте Црвенковски да помогне Венко да добие пасош за да оди на лекување во Одеса. Марковски добил пасош, иако сите знаеле дека тој повеќе нема да се врати. Тогашното македонско раководство оценило дека е подобро тој да биде прогласен за предавник отколку да остане во Македонија. Тоа и се случило по операцијата во Одеса, Марковски во 1966 година директно заминал во Бугарија.
Бугарите му дале на Венко вила и личен шофер, но, сепак, бил под постојана полициска присмотра. Во Софија, под неразјаснети околности, трагично загинал и неговиот син-единец Миле, кој цело време додека бил во Бугарија изјавувал дека е Македонец. Иако Венко јавно се декларирал дека е Бугарин, интимно тој се чувствувал како Македонец, тврдат Ачкоска и Жежов. Пред да почине, на својата сестра Дока и' се исповедал: „Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее“. По сопствена желба, Венко бил погребан на софиските гробишта, како обичен граѓанин, а не во алејата на бугарските великани.
Крсте Црвенковски во книгата „Заробена вистина“ пишува за средбата што ја имал Тито со Тодор Живков во Белград на која било разговарано и за Венко. „При оваа средба, Живков отворено го постави прашањето на Венко Марковски да му се дозволи да остане во Бугарија. Ние му бевме дозволиле на Венко да отиде да ги лекува очите во Бугарија. Тито рече: ’Еве, нека ви каже Црвенковски што мислат Македонците’. ’Немаме ништо против Венко да остане во Бугарија, ама само под еден улов – да не биде искористен во антимакедонски и антијугословенски цели’. Живков даде ветување (и се разбира при првата прилика го изневери). Јас во шега му дофрлив: ’И уште еден услов, другар Живков – ако побара да оди на друго место, во друга земја, ветете дека и вие ќе го пуштите’. ’Знам, мислите на Мао’ (негде во тоа време Венко беше напишал ода за Мао Це Тунг“, се сеќава Црвенковски.
Истовремено, тој признава дека во 1945 година на луѓето што имале поинакво мислење од Политбирото на ЦК КПМ за иднината на Македонија се гледало како на непријатели. Според него, тогаш постоела двојна власт, една на Президиумот каде што се почитувало различно мислење и друга на Политбирото на ЦК КПМ каде што секој морал да се придржува на фамозниот демократски централизам. И токму луѓето во Президиумот биле оценети како непријатели на партијата. За тоа било расправано и во ЦК летото истата година, а главен реферат поднел началникот на ОЗНА Цветко Узуновски-Абаз. „Тој подвлекува дека во Македонија постои антипартиска група. Досега таа била три лица, а сега е проширена и станала голема група. Тие имаат ставови спротивни на линијата на нашата ЦК. Заземаат ставови кои се штетни за партијата, не за државата“, Црвенкоски го цитира Цветко Узуноски. Во групата на непријатели на партијата се споменуваат десетина лица, меѓу кои Киро Глигоров, Венко Марковски, Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Димитар Влахов. Началникот на ОЗНА посебно нагласил дека сите тие имаат факултети освен Ченто.
Заедно со Венко страдало и неговото семејство и семејството на неговата сопруга. Во 1950 година кога првпат бил уапсен со дваесетина члена на неговото поблиско семејство, целата фамилија е интернирана во Кичевско. „Од семејството на Венко Марковски, со нас беа интернирани мајката на Венко, баба Љуба, на 70 години, сопругата на Венко Филимена, синот Миле - 10 години, ќерката Љупка - 11 години, ќерката Султана - 2 години, како и родителите на Филимена Марковска, баба Кона и дедо Владо. Венко веднаш по војната ја посвои Љупка од домот на сирачиња. За време на интернирањето на Љупка и' е понудено да ја сместат во домот за сирачиња, за да не ја носат во интернација, меѓутоа детето со плачење одбило, барајќи да оди со своите“, ќе изјави Фима Џабирска-Јаниќ, која со семејството, во тоа време, исто така, била интернирано во Кичевско.
(Продолжува)

No comments:
Post a Comment