Владислав Славчо Ковачев е еден од ретките македонски револуционерни дејци пред и по Првата светска војна чија мисла и определба во однос на Македонија се сосема јасни од почеток до крај – Македонија на Македонците.
Неизмерно ја сакам Македонија, повеќе од сè друго во светот, пишува за нас малку познатиот македонски деец, војвода и голем интелектуалец Владислав Ковачев во неговата уште помалку позната книга „Политичкото верују на Македонците“. Неверојатно е колку неговата анализа на македонското прашање од почетокот на минатиот век важи и денеска – и за внатрешните поделби и за соседите и за големите сили.
Со пушка ја бранел изведбата на „Македонска крвава свадба“
Ковачев е роден на 5 јануари 1875 година во Штип во познато револуционерно и учено семејство. Набргу татко му бил назначен за учител во Скопје, но по неколку години тој бил принуден заедно со семејството да емигрира во Бугарија, бидејќи турските власти го осудиле на заточеништво. Во Софија Славчо завршил гимназија и воено училиште, по што веднаш се вклучил во македонското револуционерно движење. Од 1899 година бил секретар на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК) и редактор на неговиот орган „Реформи“. Во 1900 година учествувал во организирањето и обезбедувањето на првата претстава на „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, кога со вооружените четници не им дозволил на проврховистичките елементи и на бугарската полиција да го спречат нејзиното изведување. Во периодот 1902-1904 година тој со својата чета активно дејствувал во Штипско, Кочанско и во Кратовско. Од 1904 до 1909 година студирал правни науки во Париз, а во 1911 докторирал во Брисел. По завршувањето на Првата светска војна Ковачев активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. Бил член на Привремената комисија на македонската емиграција во Бугарија, раководител и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО), член на Раководното тело на Илинденската организација.
На смртната листа на бугарскиот политички фактор
Сосема разочаран од врховизмот и од четништвото, јасно и категорично ја истакнувал „идејата за создавање автономна Македонија како одделна, самостојна политичка единица во нејзините географски и стопански граници, под гаранција на Лигата на народите“. Како главен идеолог на новата струја во македонската емиграција, тој се залагал за „чисто македонска политика“, чиј лозунг е „Македонија на Македонците“.
Откако станал еден од раководителите и идеолозите на левоориентираната македонска организација МЕФО, Ковачев се застапувал за „создавање на Македонија во нејзините географски и економски граници во самостојна политичка единица како етапа за остварување на една балканска федерација“. Под лозунгот „Македонија на Македонците“ Ковачев го подразбирал политичкото барање за создавање самостојна Македонија.
Владислав Ковачев бил потписник на Меморандумот од 1924 година испратен до претседателот на бугарската влада, во кој се критикувала политиката на бугарската влада поради „потчинувањето на македонското прашање и дејноста на македонската емиграција на бугарски државни интереси“. Исто така, Ковачев со воодушевување ја прифатил новата политика на ВМРО изложена во Мајскиот манифест, во кој се предлагало „обединување на македонските сили во единствен револуционерен фронт за ослободување и обединување на независна и самостојна Македонија во нејзините природни, географски и етнографски граници“.
Целокупната дејност на Владислав Ковачев го привлекла вниманието на раководството на автономистичката ВМРО и на бугарскиот политички фактор и тој бил ставен на нивната смртна листа. На 13 септември 1924 година тој бил убиен во Софија, пред очите на неговите малолетни деца. Извршител на убиството бил неговиот сограѓанин Мирчо Кикиритков, испратен од Иван Михајлов, тогашен секретар на ЦК на ВМРО.
„Политичкото верују на Македонците“
Најзначајниот публицистички труд на Владислав Ковачев е „Политичкото верују на Македонците“, во кој тој ги изнесува своите мисли, барања и заложби за решавање на македонското прашање, не само како искрен патриот и борец, туку и како високообразован интелектуалец со длабоки познавања на европските историски, политички и културни состојби. Уште во самиот почеток на ракописот тој ја истакнува својата идеја за решавање на македонското прашање велејќи: „Независна Македонија како рамноправна членка на Балканската федерација! – е политичкото верују на Македонците што искрено ја сакаат татковината“. Понатаму додава: „Само тогаш ќе можеме да веруваме и да се надеваме дека со заеднички и единствени сили на измачените македонски синови најпосле ќе бидеме среќни во најблиска иднина да ја постигнеме нашата лелеана мечта: да ја видиме татковината издигната во нејзините географски и економски граници во независна држава, како рамноправна членка на Балканската федерација“. Според него, целта на македонското ослободително движење е „самостоен и слободен политички живот“, а „заедничка цел на сите Македонци е слободата на Македонија!“
За Бугарија македонското прашање е само монета за поткусурување
Оваа цел, смета тој, ја попречуваат непријателите на Македонија и на македонскиот народ, а тоа се „поробувачите на нашата татковина – денешните владетели на несреќна Македонија и нивните високи покровители!“. Тој ја отфрла „фаталната идеја за присоединување на Македонија кон Бугарија зашто „бугарските влади при спроведувањето на својата надворешна политика македонското прашање секогаш го третирале како монета за поткусурување“ и „својата надворешна политика“ ја насочувале спротивно „на македонските интереси“, жртвувајќи ги „интересите на македонската кауза“ за освојувачките интереси на бугарската држава. Ковачев, исто така, жестоко му се спротивставува на договорот меѓу Бугарија и Грција за „доброволно иселување“ на македонското население од егејскиот дел на Македонија во Бугарија, сметајќи го за неважечки, и вели: „И врз основа на тоа отворено изјавуваме пред целиот цивилизациски свет дека македонскиот народ апсолутно никогаш нема да ја признае валидноста на актите создадени со Договорот за доброволно иселување“, бидејќи, како што вели, „нам ни е добро познат нивниот политички мотив во конкретниов случај – да го елинизираат овој дел на Македонија за на вештачки начин да му дадат грчки колорит“.
Македонскиот народ треба да си ја зачува националната физиономија
Ковачев ја критикува и политиката на Југославија и „шовинистичка Србија“, односно антагонизмот меѓу „српската хегемонија и југословенската солидарност“ во однос на македонското прашање. Правилното решение на вардарскиот дел на Македонија го гледа „во духот на праведните национални стремежи на српска Македонија за самостоен политички живот во рамките на Југославија“, што ќе му даде можност на македонскиот народ „засекогаш да си ја зачува националната физиономија“, а таква Југославија, вели Ковачев, „е единствено можна и е солидна база и етапа кон реализирањето на една Балканска федерација што ќе ја вклучи Македонија како рамноправна членка“. Ковачев остро ги критикува заедничките иницијативи на Бугарија и на Кралството на СХС за задушување на четничките акции на ВМРО, истакнувајќи го „самостојниот и самороден карактер“ на македонското движење, кое „секогаш беше во целосна спротивност со империјалистичките и материјалистичките државни скриени намери на тие две словенски земји што досега толку бескрупулозно и безобѕирно ги пројавуваа за сметка на македонската кауза“.
САД никогаш нема да бидат трогнати од судбината на Македонците
Зборувајќи за можноста за интервенција на големите сили во корист на македонското прашање, Ковачев вели дека тие немаат ниту интерес ниту можност сами да се заземат за решавање на ова прашање. „За нив“, вели тој „македонското прашање посебно и балканскиот проблем воопшто секогаш претставува монета за поткусурување за ефикасна заштита на нивните најразлични политички и економски интереси. Тие никогаш нема да сакаат да си ги жртвуваат интересите за нашите црни очи… Зашто македонското прашање одделно, како и балканскиот проблем воопшто, претставуваат една алка од замрсените меѓународни прашања и како такви, споменатите големи сили секогаш успевале, а и во иднина ќе успеваат, заемно да ја прифатат онаа политичка комбинација што е во состојба да ги помири нивните целосно противречни интереси“.
Зборувајќи за гледиштето на „великата задокеанска република“ за македонското прашање, Ковачев вели дека „…никогаш не треба да се заборава дека зад раководните фактори во САД денес стојат алчните и ненаситни претставници на трустовите, кои никогаш нема да се трогнат од жестоката судбина на македонскиот народ. И ако … покажуваат желба поактивно да се замешаат во работите на континентот, тоа не го прават заради алот на поробените народи, туку исклучиво за да обезбедат сигурен пласман на светското злато насобрано во нивните каси без дно.“
Македонската емиграција е моралната сила
На крајот, Владислав Ковачев се осврнува на најважниот фактор за решавање на македонскиот проблем, а тоа е, според него, „македонското население и неговата емиграција“. „Македонското население“, смета тој „е материјалната сила на ослободителното дело, македонската емиграција – неговата морална сила“.
Како еден вид резиме на „Политичкото верују на Македонците“ Ковачев ги наведува основните начела на МЕФО, како што вели тој, „политичкиот катихизис на поранешните македонски федералисти“. Еве некои од тие начела:
Неизмерно ја сакам Македонија, повеќе од сè друго во светот.
Постојано верувам во нејзиното скорашно ослободување.
Сметам на нашите сопствени сили.
Пет минути од деноноќието ќе ѝ посветам на маченицата Македонија за да се соочам со мојата македонска совест и да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа.
(Од книгата „Политичкото верују на Македонците“, издание на Матица македонска и на Државен архив на Република Македонија, МКД.МК)

No comments:
Post a Comment