Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија
Благоја Талески
ПРВАТА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, во составот на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, е формирана на 17 ноември 1944 година во Битола. Штабот на бригадата го сочинуваа Илија Стефов Димовски —Гоце командант, негов заменик Наум Ламбров Пејов, политички комесар, Михаил Пангов Керамитчиев и заменик комесар Вангел Ајановски — Оче.
Во време на формирањето, бригадата броеше над две илјади борци, распоредени во четири баталјони. Нивниот команден состав го сочинуваа: во Првиот (Костурски) баталјон — Сотир Андоновски командант, Благој Даскалов негов заменик, Вангел Мангов (загинат) политички комесар, Спиро Лазаревски негов заменик; во Вториот (Лерински) баталјон — Мичо Васил Тупурков командант, Левтер Олев негов заменик, Никола Шишковски политички комесар, Коста Малиновски негов заменик, Михајло Попов началник; во Третиот (Воденски) баталјон — Ристо Кордалов командант, Методи Биков (загинат) негов заменик, Горги Јаков (загинат) политички комесар, Динко Делевски негов заменик; во Четвртиот баталјон за тешко оружје — Милтијади Попниколов командант, Пандо Марковски негов заменик, Аргир Кузевски политички комесар, Ване Шиш- ковски (загинат) негов заменик.
Во Одредот од Македонци од Егејска Македонија што пристигна од Бугарија во состав на бригадата „Гоце Делчев", командант беше Костадин Смилевски, негов заменик Пандо Пинзов, a политички комесар Атанас Аршлаков. Тој се појавува како Петти баталјон. Приливот на нови борци, особено по договорот во Варкиза, овозможи наскоро да се формира и Шестиотбаталјон.
БОРБЕНИОТ ПАТ НА БАТАЛЈОНИТЕ на бригадата започнува многу порано, уште во разгорот на народноослободителната борба на ловик на Комунистичката партија на Грција, кога првите организирани вооружени групи и одреди, а подоцна и македонски баталјони, ги започнаа своите воени дејства и изминаа долг и славен борбен пат во составот на ЕЛАС — Народноослободителната војска на соседна Грција.
Според досега објавените историографски и други трудови и податоци, во редовите на ЕЛАС, рамо до рамо со грчките соборци, се бореа околу шест илјади Македонци, а во резервниот состав на ЕЛАС околу 18 илјади. Ваквото масовно учество на Македонците од Егејска Македонија на народноослободителната борба против германо-италијанските и бугарските фашистички окупатори во Грција е израз и сведоштво за живите слободарски традиции и стремежи и претставува достоен придонес во големата антифашистичка борба на народите против мрачните сили на фашизмот.
До израз дојдоа слободарските традиции на македонскиот народ, што ги градеше тој низ вековната борба за своето национално и социјално ослободување, особено за време на Илинденското востание против Отоманската империја во 1903 година, кога во Битолскиот вилает, посебно во Костурско и Леринско, мошне силно се изрази големото учество на народните маси што остави длабоки борбени традиции.
За време на владеењето на националистичката експлоататорска буржоазија на Грција, Македонците страдаа и се бореа заедно со слободољубивиот грчки народ, особено против фашистичката Метаксасова диктатура која, со терор и нечуена дискриминација, со голема жестина се нафрли врз нив. Но, и покрај тоа тие достојно ги покажаа своите антифашистички и патриотски чувства кога надворешниот фашистички напаѓач посегна на Грција. Имено, факт е дека Македонците храбро се бореа во составот на грчката армија против фашистичката агресија при што во шестмесечната епопеја на албанскиот фронт во 1940 — 1941 година ги жртвуваа и своите животи. На пример, само од Леринско загинале околу 300 војници Македонци, а биле ранети околу 500.
Македонците во Грција имаа природни сојузници во работничката класа и другите прогресивни и демократски сили, а особено во Комунистичката партија на Грција, чија платформа беше спротивна на националистичките и други теснотии на владеачката буржоазија, кои не водеа кон вистински демократски прогрес и слобода. Впрочем познато е дека, во крајна линија, ни мнозинскиот народ во една земја де факто не може да биде слободен, ако слободата им се ускратува на малцинските народи.
ВО АПРИЛ 1941 ГОДИНА ПОЧНУВА ПЕРИОДОТ HA ТРОЈНАТА ОКУПАЦИЈА НА ГРЦИЈА од страна на германскиот Рајх, Кралството Италија и Царството Бугарија. Окупационите зони на Италија, која се протегаше од Албанија до Костурско и Кожанско, и на Германија (Солунско, Воденско, дел од Леринско и Кожанско) имаа квислиншка грчка власт. Дотогаш источниот дел на Егејска Македонија и Тракија всушност беа анектирани од страна на Бугарија, со бугарска власт и правосудство. Но тоа е едновремено и нова фаза на херојскиот и славен отпор на демократските и слободољубиви сили на Грција против мрачните фашистички завојувачи, во што забележително учествуваа и Македонците. Народот, предаден и напуштен од владеачката класа, го издржа врз својот грб сиот товар на окупацијата.
По капигулацијата на грчката армија, емигрирањето на владата и окупацијата на земјата, во голема мера беше разбиена и државната машинерија. Генералите што ја потпишаа капитулацијата, формираа квислиншка влада која правеше напори да го обнови стариот државен апарат, а во прв ред полицијата и жандармеријата. Меѓутоа во тоа целосно не можеше да успее покрај другото и поради немањето право да формира армија. Истовремено, во условите на окупација настана економски хаос и се рашири појавата на глад, особено во нежитородните делови на земјата. Таквите објективни услови создаваа револуционерна ситуација во земјата и поволни услови за револуционерно дејствување на Комунистичката партија и на другите прогресивни сили во земјата и за вооружено востание.
Македонците во Егејска Македонија, како и целиот македонски народ, застанаа на страната на антифашистичката борба. Предводени од комунистите, тие решително се определија за вооружена борба против окупаторите и нивните домашни слуги. Но, тоа спонтано слободарско и антифашистичко расположение во тие историски услови не доведе до масовно востание пред се поради субјективни околности. Подготовките со времето се повеќе се интензивираа и тој отпор се повеќе нараснуваше.
Неоспорен е фактот дека подготовките за вооружен отпор во Егејска Македонија беа далеку поинтензивни и поразвивни отколку во другите краеви на Грција. Тоа беше резултат на неуморното револуционерно дејствување на комунистите и масовната поддршка што ја имаа тие во општествената база, во градовите и во селата. Имено, комунистите кои се враќаа од фронтот по капитулацијата, пристапија кон обновување на старите и формирање на нови организации на КПГ по градовите и по селата, кон формирање илегални групи за отпор и собирање и засолнување на оружје и опрема. Бирото на Комунистичката партија на Грција за Македонија и Тракија, кое ги одбегна ударите на Метаксасовата диктатура, веднаш по окупацијата разви интензивна дејност кон приспособување на работата на партиските организации во новите услови и презеде определени мерки за отпор против окупаторите. Кон крајот на април 1941 година беше растурен во 7 илјади примероци Манифестот до народот на Егејска Македонија, упатен од Бирото на Комунистичката партија на Грција, во духот на платформата на КПГ за обединување на сите патриотски сили на борбата за опстанок и национално ослободување. Манифестот не се произнесуваше за местото и правата на националните малцинства во борбата и за нивната судбина по ослободувањето.

No comments:
Post a Comment