ЕЛАЈ, ЛИБЕ, ЕЛАЈ
Во битолско поле, в село Карамани,
бојот ми започна в страшните окопи,
ееј, мило ле либе, в страшните окопи.
Во окопи има коски до рамена,
коски до рамена, вода до колена,
ееј, мило ле либе, вода до колена.
В страшните окопи куршумите фрчат,
куршумите фрчат како град да врни,
ееј, мило ле либе, како град да врни.
Еден куршум, либе, мене ме погоди,
мене ме погоди во левата страна,
ееј, мило ле либе, близу до срцето.
Елај, елај Маре, мене да ме видиш.
мене да ме видиш на какво сум чудо,
ееј, мило ле либе, рани да преврзиш.
Ѓорги Котевски
June 25, 2012
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment