June 28, 2012

Мома оди за вода

МОМА ОДИ ЗА ВОДА

Мома оди за вода
и беќаро по неа:
- Постој моме, почекај,
да ти речам до два збора.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема.

- Да ми дадиш тро вода,
да олада срцето.
Се измами момето,
му подаде стомнето.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема.

Тој не фати стомнето,
тук ѝ фати раката.
Ја префрли на коњо,
ѝ го скрши прстено.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема.

Како ветар вејеше,
така коњот бегаше.
Како роса росеше,
така мома плачеше.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема.

Танец

No comments: