СИ ЗАЉУБИ ЏЕФА
Си заљуби Џефа во Долна Река
двајца браќа, два близнака,
еден Мевмет, други Асан.
Ја побарал постариот,
му ја дале на помладиот.
Одма Асан, џанам, болен легнал.
Лежал што ми лежал девет години,
ми искинал девет постели,
ми искинал девет перници,
болест ми е - севда голема,
тешка болест, не се лекува.
Нит умира Асан, нит станува.
Па и рече Асан на мајка си:
- Ја појди си кај Мевмеда
и речи му да ја пуштит,
да ја пуштит лична Џефа,
да ми бацит десна рака.
Ил да умрам, мајко, ил да станам.
Си послуша Џефа девера си,
си облече бело руво,
бело руво, жолти чевли,
па си појде кај Асана
и му баци десна рака.
Одма Асан, џанам, душа даде.
Екрем Зенуловски
June 9, 2012
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment