June 6, 2012

Зошто овој глас на Македонска Нација?

Македонска Нација Бр. 1. Год. 1 јануари-февруари 1971.

Зошто овој глас на Македонска Нација?

Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македонија, Македонецот може денес слободно да го изрази своето национално чувство да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури и да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. Нашите браќа и сестри под грчкото и бугарско ропство постојано се изложени на систематски денационизаторски режим кој има за цел да ги уништи како народ, да ги погрчи и побугари, или пак присилно да ги исели од нивното родно огниште. Денешните национални угнетувачи на нашиот народ во своите денационализаторски политики се служат и со научни, културни и црковни институции. Македонци гнијат денес по грчки и бугарски затвори само загоа што се Македонци, што сакаат и занавек да си останат такви; бугарски и грчки учители однародуваат по школите македонски деца, по македонските храмови пеат грчки и бугарски попови и владици со Евангелие во раце ги заколнуваат своите верници да станат добри Грци или Бугари. Софија и Атина за богати плати имаат ангажирано стотина научии и културни работници во задачата и камењега во нашиот македонски Вардар да ги прикажат „научни“ како бугарски и грчки. Целото историско минато на нашиот народ, неговата култура, неговиот јазик и се' друго што е негово, се присвојува, фалсификува, негира, краде и уништува. Бугарски и грчки националистички пропагандисти под маска на историчари шетаат денес по разни европски универзитети и други научни и културни центри за да ја спречуваат вистината за Македонија и Македонците да стигне до странскиот научен и културен свет, до надварешното јавно мнение. Бугарски и грчки дипломати не жалат време и средства кога треба да се спречи печатење на некоја објективна книга за Македонија во странсгво или кога требе да се појави во превод на некој странски јазик некоја творба од македонските писатели.

Бугарија и Грција (а порано тоа беше случај и со Србија), откако ја разделија и завладаа македонскага земја, Македонците ги прогласија за Бугари, Грци и Срби. Со тоа етничко прекрстување на Македонците тие сметаа македонското прашање да го ликвидираат како национално прашање. Со негирањето на поетоењето на македонскиот народ балканските господари на Македонија почнаа да го оправдуваат своето овладеење на туѓа земја, својот режим на ропство и угнетување. Нашиот македонски народ не се помири со судбината насилнички што му ја наметкаа неговите нови господари, тој пружи сенароден отпор на денационализаторските политики, создаде свое ослободително движење за извојување национална слобода и независност. Во тешка и крвава национална борба водена под знамето на славниот Илинден, Македонците во Вардарска Македонија извојуваа национално да бидат признаени како Македонци, создадоа своја национална држава, своја Македонска Република, која им осигурува слободен национален живот и развиток. Раѓањето на националната држава на македонскиот народ беше една извонредно голема придобибвка за нашиот национално вечно угнетуван народ и едновремено претставуваше пораз за тројниот балкански империјализам. На прво место српкиот империјализам беше поразен со тоа што ова Втора Југославија призна дека Македонците не се Јужни Срби и им позволи државноправно да се афирмираат на национална основа во своја сопствена Македонска Република. Но со рагањето на македонската национална држава не малку беа поразени и бугарскиге и грчките империјалисти и националисти. Решавањето на македоеското национално прашање во рамките на Федеративна Ју-гославија стана еден пример од кој Софија и Атина смртно се исплашија. Знаејки дека кога-тoгаш и тие ќе мораат да им признаат национални права кај Македонтцте, па и да се откажат од своето господство над Македонија, Софија и Атина тргнаа во офанзива против историјата, тие почнаа да го негираат правото на индивидуален национален живот и на Македонците во Вардарска Македонија. Националистите од Атина почнаа светот да го заблудуваат како македонската нација е измислена од „славокомунистите“ во една перфидна игра за заграбување на грчка „национална“ територија. Софија пак почна да го заблудува светот со скроената лага дека македонската нација била измислена од српските комунисти, „србокомунистите“, со цел да се денационализираат некакви македонски Бугари т. е. да се однароди една бугарска земја. Денешните грчки и бугарски денационализаторски политики на терор во Македонија, како и нивните лаги и обмани во врска со македонската стварност во рамките на Југословенската Федерација не можат а да не го засегнат секое чесно и искрено македонско срце, каде и тоа да се наоѓа. На теророт на грчките и бугареките националисти Македонците одговараат со посилно национално сознание, со поздраво македонско чувство, а на лагите и клеветите со плодна организаторска и творечка дејност на духовно, културно и научно поле. Во тој сеопшт македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емигранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска Православна Црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појавува и ова скромно списание чие име „Македонска Нација“ кажува многу нешто за неговата програма. Нашево списание се издава со овие цели:

1. Заштита на националните интереси на целовкупниот македонски народ;
2. Водење борба за извојување национални права и слобода на Македонците под Грција и Бугарија:
3. Припремување на терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална државна целина
4. Да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина, и
5. Да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и нашата македонска народност, разобличувајќи ги при тоа лагите и клеветите што ги шират балканските националисти и империјалисти.

Името и целите на нашето списание јасно го оцртуваат неговиот општ македонски национален карактер. „Македонска Нација“ не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна во која тежнее да соработува секој оној Македонец и Македонка кој сака да работи за доброто и, среќата на својата нација. Издавачите на „Македонска Нација“ сметаат дека на македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на негавите филозофски погледи, идеолошки убедуваља или партијска припадност. „Македонска Нација“ нема да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко списание. Списанието ќе биде надпартиско една ши-рока македонска национална трибина што ќе работи за постигање на македонско единство. Ние Македонците во странство, како слободен дел од нашата нација, тоа единство треба да го постигнеме овде во надворешниот свет, бидејќи само така обединети во национално единство ние ќе можеме да му помогнеме на нашиот народ во татковината да се ослободи од националното робување и да заживее слободек живот во своја обединета национална држава. Со постигањето на нашето национално единство овде во туѓина, ние ќе можеме во една иднина на нашата патриотска дејност да и дадеме и организирана форма во еден широк македонски национален фронт.

Издавањето на едно вакво независно национално списание во туѓина не може а да не го подигне кај читателите и прашањето кој стои зад оваа иницијатива? Во таа смисла ќе има многу шпекулации, злонамерни заклучоци и тврдења. Нека има! Ништо од тоа. За добрите и незлонамерните луѓе без разлика на нивната национална припадност ние подвлекуваме дека иницијаторите и издавачите на ова списание се Македонци меѓусобно што се познаваат уште од затворите на Југославија, Бугарија и Грција каде шго лежеле за еден ист македонски национален идеал, или пак се познаваат повеќе години надвор во туѓина како чесни и верни на македонската нација синови и борци. Во ова национална иницијатива и акција не има од сите три дела на распарчена Македонија. Македонискиот национален идеал обединува во ова иницијатива признаени политички емигранги, иселеници и печалбари без разлика на боите на нивните пасоши.

Иницијаторите и издавачите на „Македонска Нација“ на ова место особено нагласуваат дека списанието е наполно независно и како такво нема нккакви врски со властите и режимот во денешната Социјалистичка Република Македонија, како Македонци, како деца на нашата македонска нација, без разлика на тоа во кој дел од Македонија сме родени, ние со синовска љубов ја сакаме таа наша национална држава, се радуваме на сите нејзини успеси и постигања на економско, духовно, научно и културно поле и сме спремни ако затреба и со оружје во раце да ја браниме. Нашето списание ќе дава подршка на сите оние иницијативи и акции шго ќе бидат спроведувани од органите и раководителите на СРМ што се во полза на македонската кауза. што се во корист на македонските интереси, но тоа како независно списание со јасно определена национална програма, бескомпромисно ќе се бори за заштита на македонските национални интереси кога тие бидат продавани или недостат но заштитувани од управниците на СРМ. „Македокска Нација“ ќе пишува и за оние работи за кои што режимскиот печат во СРМ не сака или не смее да пишува. При својата потполна независност „Македонска Нација“ изјавува спремност да соработува со научните, културните и црковните институции во СРМ, како и со одделни нивни соработници. Поздравена ќе биде секоја нивна соработка на национален план во нашето списание. Особено мила ќе ни биде една саработка со Македонската национална црква.










Сега за сега, додека не се создадат подобри материјални услови, „Македонска Нација“ ќе излегува двомесечно. Таа се печати исклучително со доброволните прилози од нејзините основачи и издавачи. Редакцискиот Совет и Издавачкиот Одбор апелирааг кон сите македонски потриоти со претплатувања и штеди материјални прилози да помогнат „Македонска Нација“ да почне да излегува месечно, или два пати месечно. За таа цел, издавачкиот Одбор основа специјален Фонд за „Македонска Нација“. Со своето помагање на овој Фонд македонските патриоти ќе овозможат „Македонска Нација“ почесто да ја имаат во свои раце, и што е најглавно да дадат свој прилог во национално ослободителната борба на својот македонски на-род.

Од Издавачкиот Одбор и Редакцискиот Совет

No comments: