Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (1)
Зошто големиот Македонец стана Бугарин
Виктор Цветаноски
Венко Марковски, еве, неколку месеци ја бранува македонската јавност. Oдново се на преиспитување делото и животот на човекот чии стихови во годините на Втората светска војна и по неа го јакнеа македонското национално чувство и патриотизам и го зацврстуваа борбениот дух на борците во антифашистичката борба. Но, истовремено се поставуваат прашања зошто овој познат Македонец во шеесеттите години од минатиот век пребега во Бугарија и таму стана голем Бугарин.
Претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов побара „Македонецот Венко да им се врати на Македонците“, подвлекувајќи притоа дека е направена „литературно-историска грешка што долго се провлекувала во нашата историја на литературата“. Според него, основоположник на современата македонска литература не е Кочо Рацин, туку Венко Марковски. „Несоборлив е историско - книжевниот факт дека ’Народни бигори’, и веднаш по неа ’Огинот’, се првите современи збирки-песни објавени воопшто на македонски јазик и дека, според тоа, во почетокот на сите почетоци на современата македонска поезија треба да стои името токму на Венко Марковски. Нему му принадлежи епитетот на прв поет меѓу основоположниците на современата македонска поезија. Тој факт во нашата литературна историја беше затемнет и подолго време не се земаше предвид, при што обично се имплицираа главно политички причини“, пишува академик Старделов во книгата за основоположниците на современата македонска литература.
Венко Марковски на Голи Оток помина пет години
Кој е Венко Марковски? По што остана запаметен и со што ја задолжи Македонија и македонската нација? Како дојде до неговото одродување? Околу неговото име и дело постојат повеќе контроверзии и поделени мислења. За едни е голем поет и основоположник на поновата македонска литература, вљубеник во слободата на Македонија, Македонец кој бил присилен од тогашниот комунистички режим да пребегне во Софија. За други, кои не му го оспоруваат неговиот придонес во литературата и македонската национална борба, тој бил нестабилна личност, славољубив, кариерист, додворлив и предавник на македонската кауза, човек кој згазнал врз своето национално достоинство, определувајќи се како Бугарин, негирајќи ја притоа македонската нација и јазик за што жестоко се борел во годините пред тоа.
Венко Марковски е роден во Скопје во 1915 година. Неговото вистинско име и презиме е Велјан (Венимијанин) Тошев, а псевдонимот Венко го зел како гимназијалец кога имал 13-14 години. Во 1937 година, во времето на суровиот режим на Србите во Кралска Југославија, пребегал во Бугарија, каде што завршил Филолошки факултет. Таму другарувал со познати македонски револуционери кои отворено се спротивставувале на големобугарските аспирации спрема Македонија, како што се Ангел Динев, Крсто Гермов -Шакир, Христо Калајџиевски, Митко Зафировски и други. Подоцна станал член на Македонскиот литературен кружок формиран од Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Михаил Сматракалев, Димитар Митрев и други.
Бунтовната поезија на Веко Марковски нема да остане незабележана од тогашната профашистичка власт на Бугарија. Неговата „Бие дванаесет“ од полицијата ќе биде протолкувана како повик за уривање на постојното државно уредување. Затоа ќе биде затворен и интерниран во концентрациониот логор за комунисти „Гонда Вода“, а оттаму во новоформираниот концлогор „Ени Ќок“, каде што ќе остане речиси две години. Од заточеништво ќе го спаси познатиот штипјанец Тодор Павлов, голем авторитет во комунистичка Бугарија, кој за цело време ќе го поддржува и ќе пишува во суперлативи за неговата поезија, споредувајќи го со познатиот бугарски поет Христо Ботев и нарекувајќи го ’нов Пушкин’.
Павлов, кој едно време ќе биде во затвор заедно со Венко, откако ќе дознае дека неговиот пријател е болен, ќе испрати писмо до тогашното Министерство за внатрешни работи на Бугарија во кое ќе го предупреди министерот оти ќе сноси голема одговорност ако дозволи во концлогорот да умре од ТБЦ така голем поет каков што е Венко Марковски. Таквото предупредување ќе даде резултат и Венко ќе биде префрлен во еден санаториум крај Софија и по шестмесечно лекување пуштен на слобода.
Во Софија нема да остане долго. Заедно со сопругата Филимена и четиригодишниот син Миле ќе се врати во Македонија и двајцата ќе им се приклучат на партизаните. Според некои тврдења, Венко станал член на Главниот штаб и учествувал во пишувањето на Манифестот. Тогаш ги напишал и познатите песни „Марш на паднатите„, „Орлите над Македонија“, „Заветот на Караорман“ и други песни со кои го јакнел борбениот дух на борците.
Венко Марковски вршел и повеќе политички функции. Бил во првиот состав на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ формиран во ноември 1943 година. Како делегат учествувал и на Првото заседание во „Св. Прохор Пчињски“ и бил избран за член на Президиумот, а бил и член на АВНОЈ.
Меѓутоа, тој набргу станал црна овца и бил непожелен за тогашните први луѓе на власта. Корените за судирот со тогашната комунистичка елита и неговата елиминација од политичката сцена до која ќе дојде подоцна можеби треба да се бараат уште во деновите кога бил во партизани. Есента 1943 година за време на првото ослободување на Кичево биле заробени Германци. Тогаш дошло до преговори за нивна размена. Бидејќи Германците немале заробени партизани, било решено да се бара ослободување на некои македонски борци кои биле во бугарските затвори. Во дискусијата кој да биде побаран за размена дошло до жесток судир меѓу Венко Марковски и Светозар Вукмановиќ – Темпо. Венко инсистирал за Германците да биде разменет Павел Шатев, а Темпо, Лазар Колишевски. До размена не дошло, но последиците од таа караница ќе ги почувствува Венко подоцна.
До нови судири ќе дојде и за време на создавањето на македонската азбука и кодификација на македонскиот литературен јазик, кога Венко нема да се согласи со некои решенија. Набргу потоа првите луѓе на власта ќе му дадат на знаење дека не е пожелен повеќе во политиката. Дури ќе го исклучат и од партијата во 1946 година. Кобна за него ќе биде една средба во Белград кога заедно со Павел Шатев и Димитар Влахов се сретнале со В’лко Червењаков и Тодор Павлов, бугарски делегати кои учествувале на Сесловенскиот конгрес. Ќе биде обвинет дека пред нив изнесувал невистини за македонското раководство. Тогаш и Павел Шатев ќе биде сменет од прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ.
Напоредно со политичката дисквалификација ќе започне и кампања против неговото творештво. Критиките за неговите книжевни дела ќе бидат се' понегативни, а суетниот Венко, кој дотогаш бил величан како најголем македонски поет, врз чии текстови биле компонирани партизанските маршеви, не ќе може да се помири со тоа и ќе се најде во немилост.
За време на Информбирото ќе му биде зададен последниот удар. Ќе биде затворен како „предавник на македонскиот народ“. Прво ќе биде суден во 1950 година и ослободен, но затоа пак во 1955 година нема да му простат, ќе биде испратен пет години на озлогласениот Голи Оток каде што со невидена репресија беа „превоспитувани“ сите оние комунисти кои се нашле на страната на Сталин во судирот со Тито. Во пресметката со него ќе страда и неговото семејство и сите роднини и пријатели. Тогаш околу дваесетина лица биле затворени, а семејството интернирано во Кичевско.
По враќањето од Голи Оток, и натаму продолжило систематското уништување на Венко како човек и како творец. Неколку години не ги уживал ни основните граѓански права, а она што било најболно никој не сакал да ги печати неговите творби. Тие години видот се' повеќе почнал да му слабее, а македонската комунистичка власт на изненадување на многумина му издала пасош за да се лекува во странство. По операцијата, во 1966 година од Одеса директно заминал во Бугарија, каде што почина во 1988 година.
Бугарите ќе го пречекаат со раширени раце и ќе му ги дадат сите привилегии што може да му се дадат на еден човек. А тој за возврат од голем Македонец ќе се претвори во голем Бугарин. Бугарската пропаганда мошне успешно ќе го искористи во антимакедонската кампања. Тој ќе напише повеќе книги во кои ќе ја негира македонската нација и јазик. По неколку години, во Софија ќе му се приклучат и неговата сопруга Филимена и синот Миле, кој под неразјаснети околности загина во сообраќајна несреќа.
(Продолжува)

No comments:
Post a Comment