Ексклузивно за прв пат преведен на македонски јазик овој значаен Мемоар од 1903 година.
Во него се зборува за тоа дека Македонците се стремат кон слободен живот одделен од Бугарите и од Кнежеството, дека Македонците се против Сан Стефанска Бугарија и сакаат македонска автономија. За влијанието на Македонците во Бугарија и како од нив се плаши дури и кнезот, итн.
Оригинално овој документ е објавен од В. Китанов и неговото дело „Придонес кон дипломатската истoрија на Бугарија ...“ страна 40 - 43.
[Софија, пред 24 јуни 1903 г.]
Сведенијата, коишто ми ги давате од Царигард покажуваат, дека тамошните високи кругови се многу лошо информирани за вистинската положба на работите во Бугарија и во Македонија. Таму мислат, дека како Грција пред неколку години, така сега и Бугарија сака да ги прошири своите граници и затоа го бунтува бугарското население во вилаетите. Тоа убедување е сосема неосновано. Вистина е, дека Грците се стремат да ја завојуват Кандија и затоа и објавија војна на Турција, а по поразот се смирија. И Бугарија едно време мечтаеше за Сан Сгефанска Бугарија, а тоа беше кога Македонија се тркалаше во тињата на незнаењето. Сега, по дваесет години, Македонија се промени, училиштата го дадоа својот плод и Македонците се стремаат кон слободен живот, одделен од Бугарите и Кнежеството. Како што ние станавме непријатели на Русите и сме против нивните завојувачки планови, така и Македонците се против Сан Стефанска Бугарија. Тие сакаат да образуват одделна област од Кнежеството, тие сакаат македонска автономија. Ако Турците добро го разберат тоа, тогаш ќе знаат да најдат лек за болеста.
Знам, дека таму излез од сегашната неподнослива положба очекуваат исход од една победоносна војна; тие очекуват исход од една војна, бидејќи имаат криво разбирање за состојбата на работите. По мое длабоко убедување, Портата нема да има мир, дури и десет пати да ја победи Бугарија. Напротив, колку повеќе, Бугарија се столчува, толку повеќе Македонците ќе се размрдат и ќе ѝ прават штети на Империјата. Ако тие денес се господари во Бугарија причина за тоa е, имено, слабоста на бугарската влада на која што уставот и симпатиите на населението ѝ ги врзуват рацете.
Неблагодарни од турската управа, лишени од важни правдини, изложени на сите можни прогони. Македонците бегаат во Грција, Србија и најмногу во Бугарија. Тука има 150 000, од кои само во Софија 30 000 од едно население од 75 000. Бугарите им сочувсгвуват, како што Турците им сочувствуват на Черкезите и Татарите во Русија и на муслиманите во Индија. Младотурчинот Мурат беј е руски Татар, но штом се пресели во Цариград му дадоа добра служба. Ако се кренат Черкезите и Татарите во Русија, нема сомнеж дека турското население, зад грбот на Високата Порта, ќе им помага на своите едноверци од сè срце, а ако не им помага, причина ќе биде неговото недостоинство. По примерот на тоа сочувство. Македонците се честити во Бугарија, тие се примаат во сите служби, прават трговија и се најбогатите. Има Mакедонци министри, и пратеници, и адвокати, и владици, и свештеници и секакви. Министрите треба да им платат клучари зашто се влијателни, дури Kнезот се плаши од нив, бидејќи можат да му сторат големи пакости. Бидејќи тој не им објавува војна на Турците, тие постојано го зборуват тоа, дека ќе ги пренесат бомбите од Македонија во Бугарија, од Солун во Софија. Од друга страна, сочувството на едно население не се уништува со војна, напротив, страдањата го зголемуваг уште повеќе.
Бидејќи положбата е таква, каква полза ќе има Портата од една војна со Byгарија? Македонците пак си остануват Македонци и по војната тие пак ќе продолжат со своите атентати во вилаетите со уште поголема сила, бидејќи бугарската влада ќе биде послаба од сега. Дури и да допуштиме, дека господството на султанот за секоаш ќе се поврати до Дунав, Македонците пак ќе ги прават своите востанија, како што ги прават и сега, како што си доставуват оружје и динамит преку Солунското пристаниште во рибни буриња. Но Турците по војната ќе се вратат во своите граници и ќе знаат, дека и по победата ништо не завршиле.
По нашиот пораз Русите ќе навлезат во Варна и Бургас, ќе го избркат Кнезот, ќе го заменат со некој руски губернатор, ќе донесат руски министри, генерали и полковници, а нашата војска ќе стане аванс и гарда на руските војски: тоа ќе биде резултатот од нашиот пораз. Меѓутоа, во исто време тие ќе се служат со Македонците за да ги поткопуват основите на Империјата без да може Портата да им објави војна.

Продолжува...
No comments:
Post a Comment