Македонска народна носија - Пијанец
Wikipedia:
Во планинскиот предел Пијанец кој го опфаќа и рударскиот регион Саса, женската носија е оформена со едноставни облеки во смирени темни тонови.
Врз кошулата која на градниот дел има огрље, се носи саја сосема поинаква по материјал, крој и украсување од истоимените облеки во пределите на Западна Македонија. Сајата во овој предел е долга црна горна облека, со долги ракави, која сосема ја покрива кошулата, а е направена од тенка волнена ткаенина, означена исто така со називот саја. Аплицираните гајтани и бикме на градите и ракавите ја украсуваат оваа облека од составот на женската носија. И во овој предел се носи црно волнено џубе, како празнична и невестинска облека. Се опашуваат со ткаен појас и скутина фута, фута - литарка.
Во машката носија, врз платнената кошула се носи куса безракавна пругасто - шарена облека наречена џепалка и потури од волнена валана ткаенина, чии ногавици со капаци се украсени со гајтани. Околу половината се опашува впечатливо широк, ткаен појас. Шубарата од јагнешка кожа е покривка за главата на мажите од овој регион.
Wikipedia:
Во планинскиот предел Пијанец кој го опфаќа и рударскиот регион Саса, женската носија е оформена со едноставни облеки во смирени темни тонови.
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEg1FgKIH_XrEtAFPe2LEVkA9LSEnYAK0_VhyphenhyphenaIdmbJ0Sdy5VZ0fM1kFoD88PaUbxHkJPoBJYrF-hzvPuDtaETCBqKzN4ng9hryUvPXuommCMg5yzbVLaGZCtRtDNJQ3FNiAVYUGa7j1LPox/s400/Pijanec.png)
Во машката носија, врз платнената кошула се носи куса безракавна пругасто - шарена облека наречена џепалка и потури од волнена валана ткаенина, чии ногавици со капаци се украсени со гајтани. Околу половината се опашува впечатливо широк, ткаен појас. Шубарата од јагнешка кожа е покривка за главата на мажите од овој регион.
No comments:
Post a Comment