Васка ИЛИЕВА (Скопје, 1923 ‡ Скопје 4. V 2001), интерпретаторка на народни песни. Речиси пет децении го афирмирала македонскиот музички фолклор по сите светски меридијани, најчесто заедно со Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, каде што и ја започнала својата кариера (1950). Настапувала во голем број земји во светот (САД, Канада, Австралија, Русија, Англија, Холандија, Иран, Кувајт и др.). За Македонската радиотелевизија има снимено над петстотини песни со разновидни содржини и со потекло од сите делови на Македонија („Сестра кани брата за вечера“, „Мост ми ѕидаја“, „Судбо моја“ итн.).
М. Кол. Македонска Енциклопедија
М. Кол. Македонска Енциклопедија
No comments:
Post a Comment