Македонска народна носија - Дебарско Поле
Wikipedia: Дебар бил голем и напреден град во минатото. Познат е и како занаетчиски центар во кој цутеле многу занаети, особено оние сврзани со изработката на народната облека. Во овој град била застапена народна носија, која се издвојувала од соседните предели по своите типски и естетски карактеристики. Народна носија иста како таа во градот Дебар носеле жените и мажите во соседните села - предел означен како Дебарско Поле.
Во XIX век облеките во состав на народната носија, приготвени од материјали од домашно текстилно производство, се обликувале и оформувале како занаетчиски изработки од занаетчиите абаџии, терзии, срмаџии, бикмаџии. Горната облека зобан, што се носи во состав на женската носија, од бела клашна со куси ракави, долга до под колена, со високи засечени процепи од страните, богато е украсена со гајтани, бикме, петлици, со специфични колористични белези. Вакво карактеристично дебарско украсување е застапено и на другите делови од женската носија. Во оваа постара носија, носена во минатото некаде до Првата светска војна, на женските кошули е застапен карактеристичен вез во ажурна техника, со геометриски мотиви на ракавите во разни бои, а долу по полите само бели ажурни чикмиња. Во составот на носијата од овој период се носел волнен ткаен појас, орнаментиран со ситни геометриски мотиви, со куп рески од секоја страна, како и ткаена волнена скутина наречена бовча, која се одликува со јасно одредена орнаментика и жив колористичен спектар.
Невестите во составот на својата носија носеле безракавна облека џубе од црна клашна или чоја, долга до под колена, обилно украсена со гајтани и бикме чии колористични белези се вклопуваат со другите облеки од оваа носија. Главата се покрива со мала плитка капа, сета украсена со гајтани и бикме за невестите и со стара пара на челото, која покрај украсната има и функција на амајлија. Врз капата се носи бела, голема, богато извезена дарпна, која со колоритот на извезените кружни мотиви се надоврзува на другите украсни детали од оваа богата носија. На нозете се обувале волнени, плетени чорапи и црни чевли - кондури роганлии.
Машката носија со основните елементи е еднаква со носиите на мажите од соседните предели - бели клашнени бечви со карактеристични украси од црни гајтани, ткаен волнен и свилен појас, но и со одредени разлики - клашнени, чоени или кадифени минтани и елеци, со извонредно богати срмени везови. На главата мажите носеле, како празничен детал во постариот период, фес со долги свилени рески, означен како тунус фес, а како секојдневна покривка црна плитка капа наречена кече.
Вака раскошно компонирана, со богато извезени и вткаени орнаментални мотиви, со извонредна декорација од аплицирани гајтани, срма, бикме и филигрански украси, машката и женската носија од Дебар ни се претставува со една посебна типска карактеристика која во себе носи траги од старобалканската и старословенската културна традиција со застапеност на византиски и ориентални елементи.

No comments:
Post a Comment