ЈАНЕ САНДАНСКИ И ПОСЕБНОСТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ 2
Ванчо ЃОРЃИЕВ
Во полемиката со Георги Белев - секретар на ВМОК, Сандански ја потенцирал суштинската разлика помеѓу ВМОК и ТМОРО. Според Г. Белев, Сандански истакнал: „Ние решително се противставивме на Вашите офицери зашто го знаевме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе кои дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, затоа тие не можат да бидат друго, освен нивни слепи и послушни орудија. А, пак, ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, дури ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Hиe сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците ... Вие ја сакате слободата на Македонија ... како средство, како етапа за идното завојување и присоединување, а кај нас, слободата, автономијата на Македонија е легната во основата како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите“ (9).
Во сите објаснувања со врховистите, Сандански ја потенцирал разликата помеѓу ВМОК и ТМОРО. При тоа тврдел дека врховистите се орудие на бугарскиот кнез и заробеници на бугарската политика. Во тој дух било неговото обраќање пред врховистите по борбата кај Кашина на 8.4.1905 година, кога била разбиена четата на Јордан Стојанов. Тогаш Сандански истакнал дека врховистите во Македонија оделе за да си го поминат времето, дека се плаќани од кнезот и поддржувани од владата, дека нивна цел е да ја освојат Македонија, а бугарскиот кнез да го направат нејзин крал. Покрај тоа Јане истакнал дека: „Македонија (нема) да ги плаќа долговите на Бугарија исл. ... дека немаат потреба од бугарски пушки, бугарска помош, од Егзархијата... (10)“
Овие ставови на Сандански не се насочени против Бугарија и бугарскиот народ, туку против бугарската политика спрема Македонија. Во исто време тоа е одбрана на македонската самобитност. Во таа смисла посебно е интересен написот на д-р Карло Блинд под наслов „Бугарските злосторства против Бугарите“, објавен во лондонскиот „Пал мал газете“ од 5 јули 1905 година. Овој автор, застапувајќи ја бугарската теза за македонското прашање, ги анализира и ги критикува македонските определби на Сандански. Во таа смисла пишува:
„...Двата востанички комитети меѓусебно се уништуваат. Цончев го предводи врховистичкиот, а Сандански централистичкиот комитет, односно Внатрешната организација. Сандански се претставува како единствен претставник - Македонец. Тој си поставил за цел од Македонија да создаде независна држава, која единствено би можела да влезе во составот на „Балканска федерација“, кога такватa сомнителна творба еднаш би се создала. Цончев, од своја страна, со стреми да создаде „Бугарска автономна Македонија“, која потоа би се соединила со „Кнежеството Бугарија“ (11). Според Блинд, идејата на Сандански за независна Македонија била неоправдана бидејќи во Македонија живееле: Грци, Срби, Албанци, Бугари и Романци, a секој од нив си имал свој јазик. Оттука би било залудно „Македонскиот комитет“ да се обидува да создаде јазик единствен за сите. Во написот понатаму се вели: „Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на Битолскиот вилает се зел за основа на тој нов македонски 'experanto'. Новиот македонски јазик требало да ги истисне српскиот и бугарскиот јазик од Македонија, бидејќи тој бил различен од јазикот кој се зборувал во Бугарија и Србија (12). Овие наводи укажуваат дека Сандански имал јасен став како за политичката, така и за националната, културната и духовната посебност на Македонија.
Ставовите на Сандански со посебно внимание биле следени од Второто политичко одделение при Министерството за надворешни работи на Бугарија (13). Оваа институција, формирана „да се занимава исклучиво со македонските работи“ (14), подготвувала извештаи за потребите на бугарската влада и дворецот и за нивната политика кон ВМОРО и Македонија воопшто. Во опширниот извештај од 25 март 1906 година, политичко одделение препорачува дека „голем ќе биде триумфот на бугарската идеја“(15) доколку се „поддржува интернационалност во Организацијата“ (16). Меѓутоа, во продолжението се вели: „Интернационалност во Организацијата не значи прекинување на сите врски и одрекување од нашата (бугарска б.н.) народност, како што проповедаат некои диви социјалисти од типот на Сандански и Чернопеев“. Ова е експлицитна потврда од официјално бугарско ниво, дека Сандански не се чувствувал за Бугарин и дека така проповедал.

9 Ванчо Горѓиев, Слобода или смрт..., 519-520, 91
10 Димитар Димески, Кашина - симбол на непомирливата антиврховистичка борба на Јане Сандански, 36. Јане Сандански и македонското националноослободително движење, Скопје, 1976, 140.
11 Ванче Стојчев, Лондонскиот балкански комитет и МРО од 1903 до 1907 година, ГИНИ, г. 37/1-2, Скопје, 1993, 19.
12 Истото.
13 Ванчо Ѓорѓиев, Бугарски документ од 1906 година за состојбите во Македонија и ВМОРО и бугарската политика кон нив, Историја XXXIII/1-2, Скопје, 1997.
14 Истото, 80.
15 Истото, 86.
16 Истото.
17 Истото.
No comments:
Post a Comment