Македонска народна носија - Голо Брдо
Wikipedia: Носијата од Голо Брдо, голем и простран предел на самата граница кон Албанија, од кој во Македонија
се наоѓаат само три села, а сите други се од другата страна на границата, во Албанија, се одликува со носија во која е доминантна портокаловата боја, како посебен колористичен белег кој не се среќава во носиите од другите региони во Македонија. Карактеристика на женската носија е бројноста на облеките и богатиот поткит од долги волнени и срмени рески, густо извезени мотиви и украси од срма, гајтани и оптоки. По својата декоративност и богати украси посебно се издвојува невестинската носија. Кошулата на женската носија е од бело платно, богато извезена на ракавите, а на градниот дел врз кошулата се носат извезени градници парти. Клашнената бела облека клашненик, долга до колковите,
богато украсена на градите, долгиот широк појас со густи волнени рески на двата краја и скутина бокченица ја сочинуваат женската носија од овој предел.
Празничен и невестински детал од носијата е зобан - бела безракавна, клашнена облека, украсена со вез од волнени конци и ткаен појас - препашка. Наместо бокченица во вакви прилики се опашува бовча - мала скутина поткитена со долги волнени рески. Носијата се дополнува со изобилство од метален накит: побраник, узда, ушници, гердан, корст.
Зимската облека е кусале, изработена од бела клашна, но куса до појас, со обилни украси од оптоки и рески.
Голобрѓанките на главата носат корпа, мала квадратна платнена покривка, со извезени украси и богати поткити од волнени и срмени рески.
Wikipedia: Носијата од Голо Брдо, голем и простран предел на самата граница кон Албанија, од кој во Македонија
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgQ4CGfr6gAXlo6kjn5pOrKHV1GDpfgBtPpIdMcjb2LFMBnp74uYJ1u3FnkEGQwvtkeeoL28nsExsDNRez8zisdZAPEZi59qk2d4dNF0yYqxYRj58dpppXnZVbAxFeUzZbOfNPO92QOPx4/s400/Golo+Brdo.png)
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEjj-iuzNHd8A2cpAcYlA_uDh6X1emVtHFGneNQMi63KHCjWnpH8tSKEVngc1jpznrFOohlCv4z30zXGgWmmwod7Lh-r3JJVcp_PaYgHCgDvyR1t5Y2fE52JPtzsEbIiS1Scrw_WvgD2Tfxf/s400/%25D0%2593%25D0%25BE%25D0%25BB%25D0%25BE-%25D0%2591%25D1%2580%25D0%25B4%25D0%25BE.jpg)
Празничен и невестински детал од носијата е зобан - бела безракавна, клашнена облека, украсена со вез од волнени конци и ткаен појас - препашка. Наместо бокченица во вакви прилики се опашува бовча - мала скутина поткитена со долги волнени рески. Носијата се дополнува со изобилство од метален накит: побраник, узда, ушници, гердан, корст.
Зимската облека е кусале, изработена од бела клашна, но куса до појас, со обилни украси од оптоки и рески.
Голобрѓанките на главата носат корпа, мала квадратна платнена покривка, со извезени украси и богати поткити од волнени и срмени рески.
No comments:
Post a Comment