August 1, 2011

Лоренс Игелбергер - интервју 2

Лоренс Иглбергер во интервју за програмата "Гласот на народот", дадено на негово барање, поради агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.


"Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот. И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од "уценувањето" на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите,

Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт.

Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа.

Сфаќам дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави, но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна."

No comments: