Во истражувачкиот труд „РОДНИНСКАТА ВРСКА ПОМЕЃУ РУСКАТА ЦАРСКА ДИНАСТИЈА РОМАНОВИ И ДИНАСТИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ОД МАКЕДОНИЈА" е прикажана родословната линија (роднинската врска), која почнува од античко-македонската царска династија, па оди преку династиите на Медија, Партија и Ерменија, па преку европските средновековни благороднички и царски семејства, се до руската царска династија Романови. Целата оваа родословна линија детаљно е претставена генерација по генерација, а како извор се користени многубројните родословни табели на кралски, царски и благороднички семејства изработени од светски познати генеолози врз основа на записите од античките и средновековните автори.
Во овој труд (кој е наменет и за руската јавност) е вклучен посебен дел со краток осврт на целокупната историја на Македонија, како и дел посветен на руско-македонските односи низ историјата. Трудот (идна книга) е соодветно илустриран главно со ликови на спомнатите личности во неа.
Откако ќе биде комплетно завршен овој проект (преводот на руски и објавување) ќе бидат превземени активности за дистрибуција на истиот во Русија, како преку официјалните контакти на УГД со руските парнтери, така и преку барање и воспоставување нови контакти со тамошни субјекти (дистрибутивни мрежи, издавачи, руски ројалистички и историски здруженија и сл.).
Руската династија Романови и династијата на Александар Велики
Автор на проектот: Александар Донски.
Извор ИНИСА

No comments:
Post a Comment