Во април 2009 година група од околу триста учени од неколку држави во светот, главно експерти по античка историја, упатија отворено Писмо до Претседетелот на САД Барак Обама и до други политичари од САД и ширум светот во кое се тврди дека античка Македонија отсекогаш била „грчка“; дека денешните Македонци „немаат право“ да се повикуваат на античката историја и на името Македонија и низа други прогрчки обоени ставови.
Ова Писмо и денес масовно се шири низ Интернет и истото континуирано нанесува огромна штета на угледот на Македонија пред светската јавност. И македонските медиуми долго време објавуваа податоци за ова Писмо, но ниту една институција или поединец од Македонија и од странство досега не реагираше посериозно со аргументи против содржината на ова Писмо.
Но, од неодамна изработен е Одговор на Писмото до претседателот Обама од страна на прогрчки ориентираните автори. Автор на Одговорот е историчарот Александар Донски од Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Во Одговорот аргументирано се побиени сите наводи во Писмото до Претседателот Обама. Врз основа на цитати од автентични антички извори докажани се сите манипулации, еднострани толкувања, па дури и ноторни лаги застапени во Писмото од прогрчки ориентираните автори.
Одговорот подготвен од А, Донски под наслов „Античките Македонци не биле Грци“ веќе е објавен во две посебни изданија - едното на македонски, а другото на англиски јазик и истиот масовно се шири меѓу домашната и светска јавност со помош на македонската дијаспора.
Преводот на англиски е изработен од Милкица Панева, а лектурата е од Мајкл Брекстон (поранешен американски дипломат) од Вашингтон. Двете верзии се објавени во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и ЕМАРИ од Штип.
Комплетниот текст на македонски
Македонците не биле Грци
Full text in English
Macedonians were not Greeks
Преземено од ИНИСА

No comments:
Post a Comment