May 1, 2011

Мирка Гинова - биографија

Мирка Гинова, родена во с. Русилово, воденско, Егејска Македонија, во 1923 година, е македонска народна хероина и претставува симбол за храброста на македонските жени. По занимање била учителка и се смета за прва жена - жртва на грчкиот монархофашизам.

По предавство, Мирка е фатена од грчките реакционерски сили и е однесена во Воден, кадешто била тешко измачувана. На 23 Јули 1946 година, Мирка Гинова (24) е осудена на смрт од монархофашистите, заедно со Ристо Стојанов (45), Томе Мијангов (55), Георги Проев (29), Димитар Лимбов (40), Петре Поп Димитров (35) и Георгиос Мутцакис - Алеко. Утрото во 5:30 часот на 26 Јули во градот Ениџе - Вардар, Егејска Македонија, сите се стрелани без врзани очи, пеејки песни.

По смртта на Мирка нејзиниот татко во село Русиново, добил писмо во кое пишувало:

"Пред да ги стрелат се доближив до Ирина (Мирка) и ја прашав дали сакаш нешто да им напишам на вашите родители, а таа ми рече: "Аку милувате пишете му го на татко следното: Ќе умрам за нешто во кое верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна. За поарен живот на другите, не за мојот." Беше чудесна, мажествена, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите, но повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку да ја изложувам вистината што ја видов, ве поздравувам јас еден војник, кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имам желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавената Ирина (Мирка)"

Во чест на оваа голема македонска хероина, народниот гениј ја испеал песната "Тихо ми Мирка заспала"

No comments: