ПРОГРAM
HA МАКЕДОНСКИОТ TAEH РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ
Организирањето на Македонекиот Таен Револуционерен Комитет не е нешто вештачки создадено. При овие услови во кои денес се наоѓа македонскиот народ, Комитетот се јавува како најприродна појава, едно дело наложено од развитокот на околностите.
Никој човек што мисли здраво не би го одречувал правото на еден народ да живее самостоен и независен живот; а покрај тоа, никој во сегашно време не ја одречува нуждата од реформи во турската империја. Тоа, дури, стана прашање на денот и ние ги гледаме европските дипломати да го повторуват секој ден во своите говори. Како мотив за тоа тие укажуваат на запазувањето на мирот во Европа. Можеби тие да имаат право и кога го тврдат тоа, да мислат дека говорат нешто најсериозно. Но, ние, коишто исто така сакаме преуредување во овој дел на Балканскиот Полуостров, не се задоволуваме со некакви прости реформи во монархијата на цариградскиот деспот; не, ние сакаме нешто повеќе: ние го сакаме полното одделување во политички и административен однос на Македонија и Одринскиот вилает од султановата држава; ние сакаме најполна независност и широка слобода за населението на оваа земја. Нашите барања се праведни, бидејќи се засновуваат на моралното и природното право, коишто се најсилни. Ние гледаме една земја заробена од еден дојден туѓинец и варварски народ, гледаме едно население коешто го уништуваат и мачат, гледаме еден беден народ, ги гледаме своите татковци и мајки, своите браќа и сестри, коишто издахнуваат под туѓата тиранска власт и го сакаме нивното ослободување. Кој може да не осуди за тоа?
Дa ја скрши власта на тиранинот, да ги симне оковите од нозете на робот, да ги ослободи од вековн потиснатите и измачени Македонци ете зошто се организира и ете за каква цел се бори Македонскиот Таен Револуционсрен Комитет.
За реализирањето на оваа цел, Комитетот наоѓа само едно сродство: Рсволуциjата. Тој ја подготвува.
Македонскиот Таен Револуционерен Комитет вака ги формулира своите барања:
I. Полна независност и најширока слобода за македонскиот народ да си создаде управа каква што тој сака.
II. Бидејќи Македонија е населена од разни народности, Комитетот изјавува дека нема да протежира посебно никоја од нив во штета на другите; нема да го заострува нивниот национален антагонизам, а ќе се труди да ги организира во една целина за урнување на турската власт во Македонија; и кога тоа ке се постигне, им го препушта решавањето на прашањето: да се присоединат кон некоја од соседните држави или да образуваат своја независна област.
III. Комитетот не дозволува при решавањето на тоа прашање никакво туѓо мешање; тој бара населението само да се определи без никаков странски притисок.
IV. Комитетот ги смета како непријатели не само турските власти но и сите оние лица што на било кој начин им пречат на неговите работи и посредно или непосредно му нанесуваат штета на народот и неговото ослободително дело.
V. Мирното турско население не само што не се смета како непријател ами напротив — од Комитетот ќе зависи да ја прими или не неговата помош во случај ако и тоа изјави желба да дејствува заедно со нас за уништување на султановата неограничена власт.

No comments:
Post a Comment