June 12, 2009

Знаме - Баталјон Гоце

Знаме на леринско-костурскиот баталјонот популарно наречен "Баталјон Гоце" во чест на Гоце Делчев. Формиран е на македонскиот национален празник 2 август 1944 година во Грција. На почетокот броел 400, а подоцна дури 1500 борци.

Баталјонот бил вклучен во грчкото национално-ослободително движење ЕЛАС и учествувал во операциите за ослободување од германците.

Во октомври 1944 година поради недоразбиње со раководството на ЕЛАС баталјонот преминува во вардарскиот дел на Македонија и се става под команда на тогашниот Главен штаб на партизанските одреди на Македонија. На 18 ноември 1944 година влегува во состав на новоформираната Прва егејска бригада во Битола.

Знамето е изработено од свила од жените на костурското село Дмбени (?) . Денес се чува во семејството Шалваринови.





Горе лево: знамето; долу: реконструкција на знамето

Дел од македонските партизани кои во мај 1944 година во знак на протест се издвоиле од ЕЛАС и формирале македонски одред во Костурско (слично знаме - десно):