January 13, 2011

Што напиша Глигоров на 3 мај 1992

Што напиша Киро Глигоров на 3 мај, 1992 година?

Писмена изјава испратена до лидерите на 12-те земји-членки на Европската Заедница (сегашна ЕУ) на 3 мај 1992 година, по состанокот во Гимараеш, кога нивните министри повторно го одложија признавањето на Македонија:

"Подготвеноста на ЕЗ да ја признае Македонија е нешто што само по себе се разбира и претставува обврска на Заедницата кон себе и начелата од кои се раководи. Нејзиното задоцнување го толкуваме како обид да ја увери Грција како своја членка во нужноста на ова признание и да и даде време да се подготви на еден таков чин, имајќи го предвид и консензусот како метод на одлучување, договорен во Мастрихт. Меѓутоа, условувањето на тоа признание со името на нашата држава што ќе биде прифатливо за сите страни е прво, без преседан, потоа води кон одложување на признавањето со сите неповолни последици и опасности на зовриениот простор на бивша Југославија и пошироко, а нашата Република и нашиот народ ги става во неизвесност и во положба што не може ниеден народ да си ја дозволи бидејќи ги доведува во прашање неговиот ИДЕНТИТЕТ и достоинство. Лицитација околу името на една држава, како услов за нејзино меѓународно признавање, е надвор од сите норми на меѓународното право и практика што досега важеле и важат за признавањето на независноста на една држава. Арбитрарноста и лицитирањето околу името значат преземање голема одговорност на дванаесеттемина. Една мала држава со мирољубив народ очекува ЕЗ да си остане верна на самата себе. Би сакал во оваа пригода уште еднаш да подвлечам дека никој не треба да стравува дека однадвор ќе ни биде наметната каква било одлука што не би била прифатлива за нашиот народ." - Киро Глигоров






















Концизно и јасно напишано. Само проблем е изгледа дека напишаново никогаш не стигнало и на адресата на партијата што се фалеше дека му дала членска книшка со број 1. Или стигнало, ама некои не знаат да читаат..?

Автор: Свети Павле

No comments: