Многу прилози и апели за Македонија и македонското прашање биле објавувани во британските весници во периодот на илинденското востание и после тоа. Голем интерес предизвикала една статија на Џејмс Дејвид Барчија (ирски новинар и политички активист), под наслов – Македонското прашање, објавена во Манчестер гардијан, на 30 јули 1919 година. Во оваа статија тој ја констатирал ‘тишината‘ за Македонија што постоела во Париз. Тој смета дека македонското прашање е интегрално балканско прашање и дека единствено само автономијата доаѓала како решение. За такво решение биле и самите Македонци. Овој проблем, Баучер го поставил во овој весник и во ноември 1919 година, со барање независност на Македонија како автономна држава под заштита на големите сили.Тој велел дека населението во Македонија не е ни српско, ни бугарско, ни грчко и затоа проблемот лежел во создавањето на една автономна држава, во која Македонците треба сами да владеат. Тоа решение спрема Баучер било најдобро. Но на Париската конференција, смета Барчија, владеела ‘конспиративна тишина‘ по македонското прашање. Тој смета дека територијалните прашања останале исти бидејќи се потврдиле решнијата на Букурешкиот мир. Овој однос на Мировната конференција во една статија под наслов “Vae Victis” што ја објавил во Современа ревија, Барчија го нарекува ‘недостиг на правда‘.Таму, според него, владее ‘ригорозна тишина‘ и ‘во Париз не допираат ниту звукот ниту плачот од ова несреќно подрачје‘.
Е. Ф. Б. Гроган, исто така се занимавала со балканските проблеми и во една статија што ја објавила во Нова Европа, го покренува прашањето за самоопределување на Македонија.
This is the original text written by Noel Buxton in Daily news - April 30th 1919
"What we must have first in view is the desire of the Macedonians, and before they are used as pawns, or punished for their neighbour's conduct, the above points may well be boren in mind. Let them decide for themselves. if they desire autonomy, they ought to have it. Only when they have determined their own fate will this region cease to be what it has so long been termed, the powder-magazine of Europe"
Преземено од Гордана Димовска

No comments:
Post a Comment