Во време на вечни метежи, безредија, непрестајни крвопролевања во Македонија се нашле многу странски новинари, публицисти, хуманитарци.До ден денес остануваат да сведочат нивните патописи за вистинската слика на македонскиот народ за време на илинденското востание..За жал и во тоа време македонското население живеело разединето, измешано со други племиња, народи и верници. Не им е дозволено да се сплотат во една целина и да покажат поддршка еден кон друг во борбата за самостојност.Џон Бут бил англиски новинар и официјален воен дописник на весникот ‘График‘ во Македонија (1904 година). Својот патопис го објавил веднаш по враќањето во Англија, под наслов Буна на Балканот. Еве што пишувал тој - Еден мој пријател судија не одведе кај доктор Татарчев, претседател на Револуционерниот комитет на ВМРО, КОЈ БЕШЕ ЉУБЕЗЕН И МИ ОБЈАСНИ НЕКОИ ОД МНОГУТЕ НЕПОЗНАТИ РАБОТИ ВРЗАНИ ЗА ОВАА ТОЛКУ ПОГРЕШНО СФАТЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА. Во тоај време востаничките дружини ги сотираа Турците низ цела Македонија, но во голема мера контролирани од Софија. Тие работеа плански, покриваа растојанија од стотици километри им дистрибуираа оружје на селаните, креваа сеопшти востанија на огромна териоторија.‘многу направивме оваа година - зборуваше докторот на француски - но тоа не е ниту една десетина од она што допрва ќе го направиме.Ќе продолжиме вака се додека имаме пари и оружје, а луѓе секогаш ќе имаме. Вие мислите дека е тоа безнадежна работа, меѓутоа, немате право. Порано или подоцна можеби годинава, можеби по десет години, Европа ќе мора да ни помогне, и додека тоа не се случи, ние нема да запреме за ништо на светов. Македонците не се борат за граѓански права, тие се борат за голиот живот. Џон Бут рече - ‘Македонија е убава земја, преубава, за да биде гнездо на расна омраза и крвопролевање. Плодна, но сиромашна, продуктивна , но нема ништо зашто се поти и црнчи за своите пљачкаши‘ Дојди во Македонија, таму секогаш нешто се случува.
Преземено од Гордана Димовска
Преземено од Гордана Димовска
No comments:
Post a Comment