October 20, 2010

Лоренс Игелбергер - интервју

Поранешниот американски државен секретар Лоренс Игелбергер, во отворено писмо преку ТВ емисијата "Отворено со народот" на МТВ за Македонија и апсурдното барање на Грција за промена на нашето име.


"Барањата на Грција се толку апсурдни и одговорот на Македонија е толку разбирлив што секој разумен човек, без разлика на неговата националност мора, на крајот, да ја поддржи Македонија во нејзиното одбивање да потклекне по интервенцијата на Грција во своите внатрешни работи. Трпение и истрајност се најсилните оружја на Македонија во нејзината борба за правдина. Ги следев обидите на Грција да ја уценува Македонија со цел да ја присили да го смени своето име. Исто така го следев и храброто одбивање на Македонија да биде присилена да ги прифати побарувањата на Грција колку и да ќе се докаже дека тоа одбивање ќе чини многу. Живеев во Вашата земја доволно долго да знам дека Македонците се едни од најсилните луѓе на светот, и дека нема да бидат оттргнати од позиција за која што знаат дека е вистинската. И конечно, знам од многугодишното искуство во странските служби на мојата земја, дека нема преседан во меѓународните работи за побарувањата на Грција. Тие се сосема надвор од вообичаените односи помеѓу земјите.Стејт департментот на САД, за жал, има заземено поинаков став од мојот околу ова прашање. Жалам за тоа од неколку причини.Прво, верувам дека е погрешно да и се сугерира на Македонија дека компромис по ова прашање може да се најде, секој обид да најдам соодветен збор или зборови кои би ги ставил пред или зад името Македонија е директен предизвик за основните принципи кои Македонија ги брани уште од почетокот на овој спор.Имам и втора причина што жалам што не се согласувам со позицијата на мојата влада. Би било несоодветно од моја страна – поранешен државен секретар, да не се согласувам со мојата влада јавно. Тоа е само поради тоа што имам толку силни чувства за правичноста на позицијата на Македонија што мојата позиција ја објавив јавно. Можеби таа може да се одбрани врз основа на фактот што бев назначен за граѓанин на Скопје и Македонија (откако се пензионирав од работата за владата). Како таков, имам право да имам став по ова прашање?"

No comments: