October 7, 2010

Оган го гори Брезово

ОГАН ГО ГОРИ БРЕЗОВО

Оган го гори Брезово, Македонијо.
Јордан со четата навлегол, Македонијо.

И на дружината говори, Македонијо.
Станвајте браќа не спијте, Македонијо,
земајте бомби, куршуми.

Земајте бомби, куршуми, Македонијо.
Со душман ќе се биеме, Македонијо.

Згрмеа бомби, куршуми, Македонијо.
Одеднаш Јордан извика, Македонијо,
го зазедовме Брезово.

Александар Сариевски

No comments: