ИМАЛА МАЈКА ЕДНО МИ ЧЕДО (за Никола Парапунов)
Имала мајка едно ми чедо,
едно ми чедо Никола.
Очи ко ѕвезди, лице трендафил,
левендо чедо крилато.
Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински. x2
Му здодеало од чорбаџии,
од клето ропство фашистко.
Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.
Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински. x2
Дигнал ми глава херој Никола
за правда и за слобода.
Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.
Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински. x2
Симеон Гугуловски
September 29, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment