Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“ – април 1891
До македонските народи!
Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност така светела.
Вистински Македонци!
Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзините победнички гревови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка
Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика: Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!
Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на Македонците” на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.
Во Цариград, 15.04.1891 год. Централен силогос
В. Ѓорѓевиќ, Србија и Грчка. Београд, 1923, стр. 94-96.

No comments:
Post a Comment