Цитати за Македонија од Робин О Нил, поранешен посредник во грчко-македонскиот спор за името и прв европски политичар во овој спор.
"Во овие дадени околности вистинскиот избор за Македонија е да продолжи со вообичаеното достоинствено и цврсто опстојување на своите сегашни позиции во барање на членство во НАТО каде што, придонесот на македонските трупи во Авганистан е добро познат и многу ценет, но и во ЕУ, под името кое што таа самата си го избрала.
Цврсто сум убеден дека не постои апсолутно никаква основа ниту аргумент Македонија да го промени своето име. За стабилноста во регионот е неопходно Македонија да стане рамноправен член и учесник и во НАТО и во ЕУ. Владата на Македонија треба да продолжи да го брани својот став кај сите членови на овие организации, а исто така да продолжи со дијалогот со премиерот на Грција.
Се надевам дека ваквиот македонски став ќе доведе до брзо решение на овој проблем, кој што, нема никаква вистинска содржина и кој никогаш и не требало да биде покренат."- Робин О Нил, интервју за МТВ, "Гласот на народот"
"Македонија никако не смее да го смени своето име и да и попушти на Грција. Ако тоа го стори, тогаш Грција ќе поставува нови и нови барања се додека не ја постигне својата крајна цел, а тоа е Македонија да ја снема од мапата" - Робин О Нил, конференција "Македонија: Нашето име и идентитет, нашата гордост и достоинство" емитувана на охридската телевизија НТВ

1 comment:
Претседателските избори во Македонија имаат стратешки карактер за иднината на Република Македонија. Во оваа смисла се поставува круциелно прашање кој претседателски кандидат е најсоодветен за челната функција во дравата.
Земајќи предвид дека имаме систем со висок изборен цензус, кој патем е лошо уставно решение во политичкиот систем (цензус од 20 % би бил сосема доволен), може да се заклучи дека е потребно да личност за претседател биде со висок углед и силна, пред се, партиска подршка. Со оглед на тоа дека основните функции на идниот претседател ќе бидат манифестирани и фокусирани главно во надворешната политика (името и евро-интегациите, пред се), анализирајки ги потенцијалните кандидати, заклучив дека ВМРО-ДПМНЕ има најголеми реални шанси да со својот кандидат ја добие трката за претседател.
Со оглед на досегашните ставови во медиумите, сметам дека најсериозен кандидат за претседател на Македонија е проф. Јове Кекеновски. Во сите свои ставови за името и други надворешни прашања, имаме конзистентни ставови кои се на линија на заштита на виталните национални интереси. Во споредба со останатите кандидати, тој е правник (проф. на правен факултет) со соодветно разбирање на меѓународното право и меѓународните односи, а оваа димензија е особено битна за водење на надворешната политика.
Досегашниот претседател Ѓорге Иванов, имаше според мое разбирање доволно време и шанси да направи порешителни чекори во врска со меѓународното презентирање на кршењето на Повелбата на ОН во врска со името и да превземе соодветинте мерки.
Слично, можеме да заклучиме и во однос на Срѓан Керим, кој беше Претседател на Генералното собрание на ОН. Во тој период Керим имаше можност да покрене иницијатива за проценка на правниот карактер на дополнителните услови при приемот на Македонија во ОН ( пред Меѓународниот суд, преку Генералното собрание), но сепак ништо не направи.
Другите канидадти од партиата ВМРО-ДПМНЕ, како што гледаме исто така немаат јасно профилирана позиција во однос на името и меѓународната позиција на Македонија. Имајки предвид дека Јове Кекновски јасно изрази подршка за моите позиции во врска со решавањето на проблемот со името во ООН, ја користам оваа прилика да ја дадам мојата подршка на проф. Јове Кекновски за претседател на Македонија и го повикувам членството на ВМРО да му изрази доверба и го изгласа за претседателски кандидат.
Проф. др. Игор Јанев, Член на ВМРО-ДПМНЕ од 2002, Член на Академскиот совет на Системот на ОН, Член на Американското друштво за меѓународното право, Член на Њујоршката Академија на науките, Научен советник во Институт за политички студии во Белград
Post a Comment