April 27, 2010

Крушево абер пристигна

КРУШЕВО АБЕР ПРИСТИГНА

Крушево абер пристигна:
Kој има синој големи,
комити да ги испрати
во тоа славно Смилево. х2

Стојан си немал синои, х2
само си ја имал Тодорка.
Тодорка една на мајка, х2
Тодорка една на татко.

Тодорка на татко велеше:
Kупи ми пушка берданка
и една сабја пренгија.
Јас комита татко ќе одам, х2
во тоа славно Смилево.

А што беше лична Тодорка,
нарами пушка на рамо.
Запаша сабја пренгија,
три години комита шетала.
Никој Тодорка не познал,
дека е Тодорка девојка.

АКУД Мирче Ацев и Јована Т.



Васка Илиева



Марјан Стојановски и Зоран Џорлев



Струшки Бисери

No comments: