ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ
Послушајте патриоти
да ви кажам словото!
На Ѓурѓовден бев затворен,
в црни темни зандани.
Во зандани бев предаден
од проклети шпиони.
Oд проклетите шпиони
неразбрани врховци.
Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб.
Телото ми потемнело,
долга риза до земја.
Ах немојте не мачејте,
јас сум невин како цвет.
Сум се борел за слобода,
за човечки правдини.
Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа.
Гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.
И на гробот да напише:
Тук почива маченик.
Тук почива Александро
Караѓуле Охридски.
Александар Митевски
Карбуратори
Никола Бадев
April 17, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment