Извештаи поврзани со Македонија на двајца француски дипломати.
"Во Пиринска Македонија има 250.000 жители, 40.000 се емигранти дојдени од Егејска Македонија, а другите се жители на земјата. Има и околу 25.000 муслимани. Во културен поглед Пиринска Македонија е многу напредната... има школи во сите села и гимназии во сите центри, а во Горна Џумаја има национален македонски театар. Оваа (1947) година наставата се изведува на македонски јазик и се предава македонска историја. Населението во мнозинство го сочинуваат Македонци и последнава година во Бугарија 75 проценти од населението од Пиринска Македонија се декларираа како Македонци, наспроти монархофашистичката опозиција, која е непријател на македонскиот народ и тоа не го признава" - Извештај на францускиот конзул во Скопје од 31 декември 1947 година
"...Ситуацијата многу ќе се подобри со создавање услови за реализација на една балканска федерација во која Македонија би егзистирала како издвоена федерална држава... Со поделбата меѓу Бугарија, Југославија и Грција, Македонија е лишена од можноста да се развива економски и духовно, таа про должува да биде извор на спротив ставености меѓу овие земји. Самото решение може да го смири Балканот и да го гарантира мирот, а тоа може да се постигне со создавање на една независна Македонија, чиј главен град Солун би бил прогласен за слободен град. Македонија би станала вистинска врска на пријателство и разбирање меѓу балканските народи. Само една независна Македонија може да биде центар околу кој би можело дополнително да се изгради една балканска федерација. Ова решение подразбира обединување на Македонија од Егејска, Вардарска и Пиринска, во една држава" - Извештај на францускиот дипломат во Бугарија, Мишел Лует, испратен до францускиот министер за надворешни работи, Жорж Бидо, во 1947 година

No comments:
Post a Comment