Цитати од поранешниот бугарски претседател Д-р Жељу Желев за Македонија и македонскиот народ:
"Очекувам Македонија да биде признаена под уставното име и во Обединетите нации, откако признавањето од страна на Соединетите Американски Држави практично означи прекин на нејзино ословување со името Поранешна Југословенска Република Македонија." - Жељу Желев, 04.11.2004, БГНЕС
"Грција нема никакво право да и наметнува име на Македонија. Кога станува збор за такви егзистенцијални политички проблеми на еден народ, на една држава, не може друга држава да диктира како да се нарекува таа. Јас на Грците многупати сум им кажал – вие едноставно не знаете што сакате. На која основа и го одрекувате правото на Република Македонија да се нарекува Република Македонија? Таа постоела во југословенската федерација близу половина век со тоа име. Не соодветна е и привремената референца која ја измислија. Сите републики, кои стекнаа независност по распадот на Федерацијата, се бивши југословенски републики. Зашто не сакате тогаш и Хрватска да се нарекува Бивша Југословенска Република Хрватска, Бивша Југословенска Република Словенија, Бивша Југословенска Република Србија? Зошто само кон Македонија да се применува тој остракизам?" - Жељу Желев, Deutsche Welle програма на бугарски јазик
"Македонската држава на Александар Велики и татко му Филип Втори никогаш не била грчка држава. Таа војувала со грчките полиси и ги завладеала еден по друг... Не случајно по смртта на Александар Велики во повеќето грчки полиси избувнуваат антимакедонски востанија и Империјата се распаѓа."
"Aко огромниот дел од граѓаните на Република Македонија слободно се самоопределат како Македонци, тогаш македонската нација е факт и таа постои и се развива независно од тоа како науката ќе се произнесе за јазикот на кој зборува"
"Грција води срамна политика кон Македонија. Западниот сосед треба да си остане со името Република Македонија, како што се нарекувала половина век во југословенската федерација. Зошто тогаш, во времето на Тито, Грција не го поставила прашањето за името? Затоа што им беше страв. Тоа е срамно што сега си играат со оваа земја на неубав начин, тоа е еден начин на покажување на мускули без да има причина... Во еден момент му реков на рускиот претседател дека уште не го гледам указот за признавање на Македонија. Елцин се сепна за време на прошетките во резиденцијата Бојана и го повика шефот на дипломатијата Козирев и му нареди да го напише указот. Се сеќавам дека во тој момент Козирев почна да ги крши прстите, појаснувајќи дека Грците многу ќе им се лутат за тој акт. Елцин пресече - Мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е исправна и напиши го указот" - Жељу Желев во интервју за бугарската агенција БГНЕС
"Блокирањето на стартот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ поради спорот околу името со Грција е перверзно и неприфатливо е да и се оспорува на земјата да го употребува името кое го има избрано" - Жељу Желев, поранешен претседател на Бугарија, за Интернет-порталот EurActiv.
"Blocking the start of EU accession talks with Macedonia over the country's 'name conflict' with Greece is "perverse", as it is unacceptable for a country to be denied use of whatever name it chooses" - Zhelyu Zhelev, Bulgaria's first democratically-elected president, exclusive interview for EurActiv.

No comments:
Post a Comment