Бугаринот по род а руски научник Петар Драганов, во дописката со колегата В.И. Ламански уште во1885 год. за посебноста на македонскиот јазик ќе каже:
"Србите, и особено Бугарите го презираат тоа наречје. Тие не знаат дека литературата на автентичното македонско наречје, колку и да е мала, во секој случај е факт...
Јас воопшто не страдам од српско-бугарска политичка зашеметеност во моите погледи за македонското наречје, а мојата филолошка работа се одликува со научна трезвеност."
Петар Драганов меѓу првите филолози за посебноста на македонскиот јазик
За да го доразјасни ова свое гледиште по ова Драганов го поткрепува и со уште постарите пишувања на рускиот филолог Востоков, за што пак продолжува:
"Самиот Востоков по прашањето на старо црковно-словенскиот јазик се застапуваше за МАКЕДОНИЗМОТ, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и МАКЕДОНСКИ.
Востоков, никако не се застапуваше за бугаризмот на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор, како што тврдеа некои негови противници.
Напротив, што се однесува, до сопственото бугарско наречје, тоа според Востоков, од старо време можело да се разликува од првото (македонското), по многу важни признаци, и ќе забележиме од своја страна, како што и сега се разликува од него.
Би требало да се очекува дека порано или подоцна, убедувањето на Востоков, ќе се потврди со истражувања не само по историските споменици на јазикот ами и на современиот строј на словенските наречја и особено на словенските говори во претполаганата татковина на кирило-методиевиот јазик".
(Петар Драганов, "Новие гласине звуки в современих македонско-славјанских и булгарских говорах",: "Рискии филологицескии вестник", XIX, г. 10,Варшава, 1888, стр. 2).
Превземено од Македониум

No comments:
Post a Comment