May 13, 2009

Знаме на Загоричани

Илинденско знаме на с. Загоричани, Костурско, Егејска Македонија (1903) е со разјарен крунисан лав со сабја во десната и пушка во левата шепа. Над него е испишано „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЬ“, под него во лево „20 юли 1903“, а под тоа, централно „ЗАГОРИЧЕНИ“. Во четирите агли на знамето се поставени полумесечини.

Црно-бела фотографија од знамето:


Дигитална реконструкција на знамето врз основа на слика изработена од Berasil (Deviantart):


Современа реконструкција на илинденското знаме на Загоричани, во сопственост на  Родокрајно Здружение Загоричени:


Највоочлива разлика, во споредба со оригиналот е испишувањето на текстот долу во еден ред и на современ книжевен македонски јазик:


Современа реконструкција на илинденското знаме на Загоричани, изработена од Македонско патриотско здружение Тодор Александров:


Највоочлива разлика помеѓу оригиналното знаме, од една страна, и оваа современа реконструкција, од друга, е замената на четирите полумесечини со православни крстови (воедно погрешена е една буква, „ь“ наместо „ъ“ во „смърть“).


Според некои бугарски тврдења (Иван Иванов), знамето не било црвено, туку зелено (а лавот не бил црн туку црвен). Имајќи предвид дека знамето е изгубено, а во врска со неговиот изглед се располага само со црно-бела фотографија, тешко е да се потврди неговата боја.

6 comments:

Macedonian-Bulgarian said...

Originalot na tova zname e zeleno,ne e crveno!!!!

Anonymous said...

Најдобро би било кога за вашето тврдење би приложиле фотографија.

Macedonian-Bulgarian said...

Ima spomeni na VMORO komiti kade tova zname e opisano.Znameto e zeleno,Lavot e crven ,a nadpisite i polumesecite sa beli...Nikoj ne crta crn Lav na zname : http://www.facebook.com/photo.php?fbid=3132770689828&set=a.3117366144724.2134024.1581624596&type=3&theater

Macedonian-Bulgarian said...

http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/430184_3132770689828_1581624596_32543621_2135572442_n.jpg

Anonymous said...

Реконструкцијата која е ставена на блогов е базирана на онаа од Berasil (си пишува). Доколку тој ги згрешил боите, што не е исклучено, грешката се повторува и овде.

Но сликата која ти ја имаш понудено како доказ не е воопшто автентична. Тоа е црно бела фотографија на која подоцна со помош на програма за графичка обработка некој аплицирал боја. Ако ја употребуваш како доказ тогаш доказот е фалсификат.

DetzaNaMoDea said...

Apsolutno!
Vulgarinov pogore priložuva manipulirana slika koja se pojavi i na drugi blogovi, forumi i na FB. Zasega kako najdobra rekonstrukcija izgleda e taa na Berasil od Deviantart. Oti e dobro poznato deka crvenata beše po "default" boja na vostanieto od 1903.