12. МАКЕДОНСКИОТ ГРБ ВО РАКОПИСНАТА СТЕМАТОГРАФИЈА НА ПАВЛЕ РИТЕР ВИТЕЗОВИЌ ОД 1694 ГОДИНА
Во Универзитетската библиотека во Болоња се чува Стематографијата на Павле Ритер Витезовиќ од 1694 година во ракопис. Интересно е да се види разликата меѓу оваа необјавена Стематографија и онаа што ја објавил во 1701 година. Стематографијата во ракопис се чува во научната оставнина на грофот Luigi Ferdinando Marsili; која е богата со ракописни материјали што се однесуваат за историјата на балканските народи. Грофот Marsili бил роден во Болоња во 1658 година. По завршените воени училишта станал офицер во австриската монархија. Околу 1678 година, во придружба на венецијанскиот сенатор Петар Цирани отпатувал во Истамбул со цел да ја опише турската војска, внатрешната положба на османлиската империја, нејзините фортификации, воената организација и сл. По враќањето од патот го напишал трудот „Stato militare dell’imperio ottomano“, кој и денес претставува ценет придонес. Bo 1683 година бил полковник, а потоа станал генерал во австриската војска. Учествувал во преговорите за Карловачкиот мир. Бил деградиран во 1703 година. Потоа отишол во своето родно место во Болоња и основал „Institute delle scienze е belle arti“ каде што ти оставил своите ракописи, нацрти, скици, карти и др. што се однесуваат за балкакските народи.85) За научната и војничката дејност на графот Марсили се објавени многу книги.86) Во болоњската универзитетска библиотека ја прегледав оваа огромна оставнина, составена од многубројни ракописи и книги, кои сите заедно се водат под сигнатура Codex 103. И Стематографијата што хрватскиот преродбеник Витезовиќ ја подготвува, за печат, ја најдов во оставнината на грофот Марсили. Ритеровата Стематографија има наслов: „Regnorum et provinciarum ilyricorum insignia genuina“, a меѓу 30 и 31 стр. има нов наслов: „Magnatum еt nobilium quorud Croatiae regum insignia“. Грбовите во Стематографијата се во боја. Тие не се средени по некој систематски ред, така што на листот I е грбот на Немањиќи, на V на Далмација, на VI на Хрватска, на VII на Славонија, на IX на Босна, на X на Србија, на XVII на Бугарија и на лист XVI на Македонија. Целата Стематографија содржи 72 грба. Оваа Стематографија заслужува внимание паради тоа што Витезовиќ од невнимание и нееакајќи направил огромна грешка, која потоа оставила длабоки последици сè до денес. Тој ги заменил бугарскиот и македоискиот грб. Таква замена можела да се случи, бидејќи грбовите имаат ист амблем, но боите им се различни. Разликата била и во тоа што над македонскиот грб пишува „Macedonia“, а над бугарскиот „Bulgaria“. Витезовиќ знаел многу добро што значат боите во хералдиката. Оваа несвесна замена ја направил поради тоа што тој не ги цртал ни составувал грбовите на балканските народи и семејства; туку тој ги сечел грбовите од некои постари збирки на грбови. Овие сечени грбови, потоа ги лепел на бела хартија што потоа ја укоричил во вид на книга. Исечоците не ги сечел заедно со написите што биле напишани над или под грбовите (во тој случај не би згрешил), туку ги сечел без нив. Потоа, на хартијата на која ги лепел исечените грбови го пишувал написот и така над грбот на Македонија напишал „Bulgaria“, а над грбот на Бугарија напишал „Macedonia“. За оваа грешка тој никогаш не се сетил и така ја печател и Стематографијата во 1701 година, а потоа пак и Жефаровиќ ја отпечатил својата „Стематографија по примерот на Витезовик. заедно со оваа грешка за која Жефаровиќ не знаел. Меѓутоа, пред и по грешката на Витезовиќ во сите грбовници и ракописи македонскиот грб е жолт лав на црвено поле (види ги сите слики на македонокиот грб), а бугарскиот е црвен лав на жолто поле т. е. сосема обратно од стематографијата на Витезовиќ и Жефаровиќ. Како што се гледа на сл. 59, грбот бил исечен без написот и залепен на хартија. Тоа и на сликата јасно се гледа, а во Болоња веднаш ми падна в очи замената на боите, односно грбовите. На сл. 59 има црвен лав на жолто поле. Над грбот е напишано „Macedonia“. Овој натпис е над исечокот. По ослободувањето на Бугарија, кога се поставило прашањето за бугарскиот државен грб, тој бил земен со оние бои какви што биле во Стематографијата на Жефаровиќ. Никој тогаш и не мислел да ја проверува точноста на Стематографијата на Жефаровиќ, кој, како прв и единствен печатен хералдички труд на црковнословенски јазик, имал огромно влијание. И во двете стематографии се провлекувале истите грешки, но бидејки тие биле печатени во многу примероци и во по две изданија, извршиле такво влијание, што по ослободувањето на Бугарија таа ги примила оние бои на својот грб, какви што биле означени во овие две стематографии, а не боите што биле во ракописните грбовници. Поради ограничениот број на таквите грбовници, повеќе од кои се наоѓале во разни манастири и дворци, т. е. на непристапни места за широк круг луѓе, тие и не можеле да имаат такво хералдичко влијание, какво што имале печатените стемографии, иако и со грешки.
сл. 59 |
На крајот, разликата меѓу ракописната и печатената Стематографија е и во тоа, што во ракописната под грбовите нема никакви стихови што го објаснуваат грбот, како што е тоа случајот со објавената (види сл. 60).
Заедничкото со Стематографијата на Жефаровиќ е во тоа што и во двете Стематографии се дадени само земските грбови, додека семејните се изоставени. Тоа значи дека Витезовиќ големо внимание им посветувал на земските грбови, додека многубројните семејно-приватни грбови што се наоѓаат во сите „илирски грбовници“, без исклучок ги сметал за помалку важни и затоа сите ги изоставил. Ова е многу зажно и треба да се подвлече како карактеристична појава својствена само за Витезовиќ, а од него преминала и кај Жефаровиќ.
Преземено од книгата „Грбовите на Македонија“ на Александар Матковски
No comments:
Post a Comment