ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО НА АЛЕКСАНДРО ТУРУНЏЕ
Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсет години војвода,
на седумнајста го фатија.
Бог да го бие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
Турунџе страшен бунтовник.
Тој го предаде Турунџе
за стоипејсе жолтици,
за стоипејсе жолтици,
на тие клети душмани.
Го, го турија в зандани,
во тија тесни долапи,
со тешки пранги на раце,
и дробен синџир на гуша.
Го изведоја Ат-пазар,
му ја кажаа бесилката,
цела се Битола расплака
за Александро Турунџе.
Цела се Битола расплака
за Александро Турунџе.
Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсет години војвода,
на седумнајста го фатија.
Бог да го бие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
Турунџе страшен бунтовник.
Тој го предаде Турунџе
за стоипејсе жолтици,
за стоипејсе жолтици,
на тие клети душмани.
Го, го турија в зандани,
во тија тесни долапи,
со тешки пранги на раце,
и дробен синџир на гуша.
Го изведоја Ат-пазар,
му ја кажаа бесилката,
цела се Битола расплака
за Александро Турунџе.
Цела се Битола расплака
за Александро Турунџе.
Voyvoda
Никола Бадев
од Филмот Нели ти реков
Петранка Костадинова
No comments:
Post a Comment