Во седумдесеттите години на минатиот век тогашните грчки администрации два пати се обврзале, прв пат во 1977 година и втор пат во 1982 година, на конференции на ООН да го почитуваат името Македонија.
Еве што стои запишано во грчкиот весник "Катимерини":
На Третата конференција на ООН за типизација на географските имиња, која се одржа во Атина во 1977 година, Грција ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, без никакви резерви.
Според оваа резолуција системите кои се прифатени во Анексот на оваа Резолуција да бидат усвоени како меѓународни системи за транскрипција на латиница, српско-хрватските и македонските географски имиња во Југославија.
Во 1982 година на Четвртата конференција на Обединетите нации, што по истиот предмет беше одржана во Женева, грчката страна го предложи следниот став:
“Во врска со ексонимите, и покрај долгата историска употреба на грчки топоними во територии надвор од границите на денешната грчка држава, Грција им дава поддршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на Обединетите нации за типизација на географските имиња, особено на оние што се однесуваа: на ликвидирањето на ексонимите кои се наоѓаат во меѓународна употреба (мапи, патни исправи, пропаганден материјал), што е можно побрзо; на почитување на националните топоними, така како што тие се типизирани од компетентните органи на географските имиња во секоја одделна земја".
Овој текст на Резолуцијата е пренесен во грчкиот весник "Катимерини" од страна на новинарот К.И. Ангелопулос, а написот датира од 14 февруари 1993 година.
Сe' ова значи дека пред триесеттина години официјална Атина ни ги признала правата за употреба на името Македонија и придавката македонски, вклучувајќи го и јазикот.
Едноставно и јасно во 1982 година, во Женева, Грција го признала името Македонија.
Во рамките на Договорот приложени се и документи и мапи како материјален доказ за тоа.
Од своја страна, Грција понудила географски карти за својата територија на кои немало ниту еден регион, ниту една област од денешната грчка држава, која го носи името Македонија.
Тоа се случило дури во 1988 година.
Документите биле донесени без гласање, со акламација, на 31 август 1982 година.
Првата Резолуција од 1977 година е заведена под број E/CONF.69/C.IV/L.4.
Резолуцијата од 1982 година е запишана во Организацијата на Обединетите нации под бројот E/CONF.74/L.107 како дел од заклучоците на Конференцијата за типизација на географските имиња.
Во регистарот на усвоени резолуции стои дека таа е подготвена од Благој Зашов.
Грчката резолуција, пак, која го опфаќа и горенаведениот напис во "Катимерини" е заведена под број E/CONF.74/L.110 и како нејзин автор се спомнува контроверзниот Евангелос Кофос.
1982 Е/CONF 74/L.110 е бројот (види горе) под која е заведена Резолуцијата во ОН со која Грција се согласува со користењето на македонската азбука и македонските географски имиња.
Превземено од Братот
За да го видите клипот кликнете овде

No comments:
Post a Comment