March 3, 2009

Грб на Александар од 1541

Грб на Александар Македонски од книгата со поезија "Alexandreis, sive Gesta Alexandri Magni" на Walter of Châtillon од 1541 година.

Поемата е напишана за фалење на делата на Александар, и е најверојатно нарачка од страна на Вилијам (Архепископот на Ремс од 1176 до 1201)

Била едно од најпознатите поетски и воопшто пишувани дела на Латински јазик од тој период во западна Европа. Книгата во електронско издание можете да ја видите тука.

Печатена е во повеќе наврати и има изданија од годините: 1487 (Руен), 1513 (Стразбур), 1541 (Инголштад) и 1558 (Лион)

Сликата е од насловната страница на изданието од 1541 година од Инголштад, се вика: "Alexandreidos Galteri Poetae Clarissimi, libri decem" и е издание на Alexander Weissenhorn. Преземено од Ченто

No comments: