January 1, 2009

Знаме на царството на Стефан Душан

Припишано знаме на цар Стефан Душан [1], и на неговото царство (од кое дел е и Македонија), според поморска карта (1020mm x 750mm) од Ангелино Дулцерт (Angelino Dulcert) од 1339 година.

Реконструкција (според картата на Дулцерт) на знамето на царот Стефан Душан и на неговата империја (извор: Wikipedia).

Особено значајно е тоа што на картата знамето е поставено над македонскиот град Скопје.

Во XIV век Скопје станал втора царска престолнина на царот Душан (го добива и називот Душанов град). Во тој период градот имал не само политичко туку и културно значење заради обновувањето и изградбата на многу цркви, манастири, болници и сл.[2]

Реконструкција (според картата на Дулцерт) на знамето на цар Стефан Душан и на неговата империја [3]. Дизајнот на двоглавиот орел е според орел од чаша на царот Стефан Душан (извор: Крстарица; автор: VoSlavu)

Лево: слика на знамето од поморската карта на Ангелино Дулцерт (фрагмент); десно: реконструкција на наводното знаме според знамето од мапата на Ангелино Дулцерт (извор: Крстарица; автор: VoSlavu)



















Реконструкција според знамето од мапата на Ангелино Дулцерт
(извор: wikipedia)

















[1] види: Македонскиот цар Душан и Tsar Stefan Dusan
[2] Краток историјат на градот Скопје
[3] VoSlavu го има насликано знамето бело (а не жолто)

No comments: