Трагична маска, Хераклеја Линкестис

МК - Трагична маска, Хераклеја Линкестис, Битола, 2 век не

Изработена од бел мермер со техника на делкање, датирана од 2 век не. Секако не била употребувана во театарски претстави, била користена само како орнамент пред театарот во Хераклеја Линкестис крај Битола

Маската го претставува Херакле (Херкулес), врз главата е префрлена лавовска кожа, на лицето се истакнуваат широко отворената уста кои заедно со очните шуплини имаат израз на болка. Брадата е густа, додека носот е малку оштетен


EN - Tragic mask, Heraklea Lyncestis, Bitola, 2nd century AD

Made out of white marble with the carving technique, dated from the 2nd century AD. For certain it was not used in theater performances, it was used only as an ornament in front of the theater in Heraclea Lyncestis ancient city located near Bitola in the south-western part of Macedonia.

The mask represents Heracles (Hercules), the head is covered with lion skin, the face is highlighted with wide-open mouth and eye cavities with an expression of pain. His beard is thick, while the nose is slightly damaged.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

Извор: Археолошки Музеј на Македонија

No comments: