Oтпорот на македонскиот народ за заштита 1913-1940

2. ОТПОРОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ (1913-1940)

Националното и социјалното угнетување на македонскиот народ придонесло да се појави кај Македонците еден сè народен отпор за зачувување на својот национален идентитет. Затоа, јазикот, како еден од основните елементи што ја карактеризираат нацијата, љубоморно беше негуван и заштитуван од страна на Македонците. Отпорот за заштита на македонскиот јазик земал различни пасивни и активни форми и секојдневно бил присутен во историскиот терен.

Македонското семејство, во услови на неслобода, одигра непроменлива улога во тој однос. Протеран, омаложуван и секогаш прогонуван, македонскиот јазик во рамките на македонското семејство, нашол сигурно и трајно засолниште. Тука, во рамките на македонското семејство, македонскиот јазик секојдневно бил присутен преку секојдневната конверзација, преку македонската песна, македонското оро, македонската гатанка, македонската шега итн. Тука, во рамките на македонското семејство, се создавало кај младите поколенија чувство на почит и љубов кон мајчиниот збор и се пренесувал од генерација на генарација. Македонката заигра непроценлива улога во тој однос.

Македонското семејство, покрај негувањето и пренесувањето на македонскиот јазик, ја создаваше, негуваше и пренесуваше и македонската историска свест и македонската културна традиција. Тука, во рамките на семејството, новите македонски генерации слушале за Илинден, за легендарните комити и војводи (Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Лазо Поптрајков, Христо Узунов, Никола Карев, Питу Гули и други) и за злосторничката активност на грчките андари (Павлос Мелас), за предавничката улога на Коте од селото Руља. Co тоа македонското семејство го уривало ноќе она што прекуден градела грчката просвета, и на тој начин го спречувало или задоцнувало процесот на грцизација (102) Истовремеио македонското семеjство во периодот меѓу двете светски војни љубоморно го чувало и својот национален интегритет и давало свесен и колективен отпор на обидите за мешовити бракови, чија крајна цел била да се „замешаат расите“ и да станат угнетувачите „помили“.

Co борбата за зачувањето на македонскиот јазик, Македонците истовремено давале силен отпор на присилното изучување на грчкиот јазик. Тој отпор особено се засили и јавно се изразувал во периодот на метаксасовата диктатура. Возрасните Македонци што биле опфатени во таканаречените вечерни училишта за изучување на грчкиот јазик, наоѓале различни начини да ги обезвреднат предавањата и на тој начин да го изразат своето незадоволство за принудното и присилното наметнување на грчкиот јазик (104). Истиот отпор се забележал и кај македончињата. Македонските деца, во просветниот процес, меѓу себе си шепотеле на македонски јазик, на одморите и по часовите исклучиво зборувале на еден од прекрасните македонски дијалекти и покрај суровите казни што следувале (105).

Благодарение на македонската народна и колективна солидарност и улогата на македонското семејство, македонскиот јазик за македонскиот народ го задржал статусот на примарен (мајчин) јазик за македонското население. Тие го учеле во рамките на семејството и природно се изразувале на македонски јазик. Co текот на времето Македонците го учеле и грчкиот јазик, но овој јазик за Македонците имал улога на секундарен (странски) јазик. Тоа го потврдува фактот дека Македонците не биле во состојба природно, нормално, да ги изговараат грчките гласови кои не постојат во македонскиот јазик (106).

Co колонизирањето на христијанскиот елемент во егејскиот дел на Македонија, отпорот на Македонците се засили. Колонизацијата, оваа „ненајдена и мирна инвазија“ (107), зела размери на вистински геноциден поход против Македонците. Грчките власти го претвориле колонизаторскиот елемент во еден политички инструмент кој бил насочен кон македонското население (108). Знаејќи дека грчката држава ги подржува, колонизаторскиот елемент имал нечовечки однос кон македонското население. Неговото однесување, секојдневното навредување на македонското човеково и национално достоинство, силувањата и убиствата на невини луѓе, биле секојдневна појава (109). Разни грчки банди, главно создадени од колонисти дојдени од Мала Азија, ги крстосувале македонските села, го малтретирале македонското население, зашто сакале еднаш засекогаш „да ги исчистат од Грција сите Словени“ (110).

Во такви услови македонскиот народ бил принуден да си ги заштити своите материјални и национални интереси. Една од формите на отпор била и солидарното прикривање на имотите на иселените Македонци во Бугарија (111), само и само да не се примат во селото колонисти (112). Постојаните грабежи на колонизаторското население и честите насилства над македонското население, ги принудиле Македонците активно да се бранат. Кога колонистите се обиделе насилно да грабнат дел од македонските имоти, Македонците се спротиставувале и се случувале тепачки со големи размери. Поради тоа меѓу македонското и новодојденото население постоела и јавно се изразувала една секојдневна нетрпеливост, и во периодот меѓу двете светски војни речиси и не постоеле примери на човеково и семејно зближување преку брак меѓу Македонците и новодојденото население. Тоа се должело на фактот дека грчката колонизација во егејскиот дел на Македонија добила белези на една вистинска борба „...против природата, луѓето и работите“. Пасивниот отпор на Македонците постепено се претворил во активен, свесен политички отпор против политиката на асимилација и дезнационализација.

102 Иста улога заиграло македонското семејство и во пиринскиот и во вардарскиот дел на Македонија.
103 Во периодот меѓу двете светски војни скоро и не постоеле мешовити бракови меѓу македонското и грчкото или негрчкото колонизирано население.
104 Скоро немало македонско село каде не се слушала по некоја „смешна случка“ во врска со начинот како се предавал грчкиот јазик, и селаните со задоволство ја прераскажувале на сочен македонски јазик.
105 Главно, за секој македонски збор, учениците се тепани со прачки пo дланките, прстите, нозете или главата, придружено со неизбежното „хондрокефале“ (дебелоглавец).
106 Станува збор за буквите тита, делта и гама.
107 Jacques Ancel, op. cit., p. 122.
108 Hagi Gogu, Occidentals......p. 150.
109 Зулумитс почнувале co реченицата „Уште ли бре, паљо вилгари (гадни Бугари), нема да бегате во Бугарија".
110 Veritas, op. cit., p. 125. Bo Леринската околија, на пример, крстосувала бандата на капетан Стефанос, составена од колонисти, што била страв и трепет за населението. Во Драмска околија 11 селани од селата Трлис. Ловча и Старчина, под изговор дека соработувале со комитите, биле убиени. Исто така селаните од селата Ливалиште. Бутин, Черешево биле злосторнички тепани. жените силувани и „многу исчезнале без трага“ (Балкабска федерација, 1925, бр. 15, лист 205).
111 Еден ваков настан се случил во селото Загоричани, Костурско, каде што бил дален силен отпор на колониститс.
112 Во Нестрам македонското население ги пречекало колонистите што ограбувале, со зборовите: „Македонци, удрете на кучеништата..." (Ризоспастис, 3. Ш. 1934).
113 Societe de Nations, L'etablissement de refugies en Grece, Geneve, 1926,

No comments: