Султанска наредба за името Македонија

Султанска наредба за името Македонија
(копија од документот)


Превод на документот

Тој (Бог)
Ова е дешифрирање на Високата Шифрирана телеграма од 25 март `319 година (7 април 1903).
Со Високата наредба на Неговото Величество Султанот се известува:
Отсега па натаму, во претставките и соопштенијата поврзани со работите на царските вилати на Румелија, категорично се забранува терминот (називот) Македонија, којшто се споменува како локално име.

Итна достава на вилаетите/ 26 (март)
Била доставена/ 27 (март)
Копијата е на место (архивирана е)

No comments: