Спомен на Киро Глигоров за составувањето на приговорот на АНОК

СПОМЕНИ НА КИРО ГЛИГОРОВ ЗА СОСТАВУВАЊЕТО НА ПРИГОВОРОТ НА АНОК КОН МАНИФЕСТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА МАКЕДОНИЈА

„...Во АНОК беа водени неколку расправии околу Манифестот на Главниот Штаб. Се разбира, во тие дискусии сите не учествуваа еднакво, имаше луѓе кои се согласуваа со него. некои имаа одредени забелешки, некои можеби сакаа да кажат повеќе. но молчеа. Во групата која, всушност, водеше и главен збор, покрај мене беше и Благој Хаџи Панзов од Велес.

Благој Хаџи Панзов беше адвокат, бевме заедно во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, учествуваше на заседанието во Прохор Пчински и беше избран за член на АСНОМ... За жал, подоцна и него го пратија во Белград, па оттаму го назначија за советник на југословенската амбасадаво Софија. По сè изгледа дека таму, за време на Рсзолуцијата на ИБ (1948) потпаднал под некои влијанија и притисоци од страна на брат му... што се случувало со неговиот случај, јас не знам - не се располага со материјалите од сослушувањата итн. Таков е случајот со сите информбировци. Имам слушнато дека Хаџи Панзов потпишал некој документ во кој го клевети Михајло Апостолски како Србин, и такви работи, а што се однесува до приговорот на Манифестот на Главниот Штаб - признал дека тој учествувал во тоа, но дека немал главна улога.

Всушност, вистината е дека приговорот го пишувавме тој и јас, и тоа седејќи во просториите на „Вардар-Банка“, каде што јас имав адвокатска канцеларија. Го работевме на мир, и тоа цели два дена. Кога бевме готови го изнесовме пред АНОК, приговорот беше прифатен и се договоривме да му се предаде на Кузман Јосифовски- Питу, како на делегат на Главниот Штаб и до ЦК во Скопје...

Значи постоеја два оригинала: едниот во целост е зачуван и подоцна објавен.... го објави Лазар Мојсов, а подоцна во целост е отпечатен во една книга на Лазо Колишевски како и во посебна брошура...на Михајло Апостолски, додека другиот примерок би морал да е некаде во Велес, закопан од Благој, или така нешто...“

Киро Глигоров, Македонија е се што имаме, Издавачки центар ТРИ, Скопје 2001

Кире Филов, Политичките и економските промени во Штип и Штипско...

No comments: