Македонците и граѓанската војна во Грција

Предавници кои сè и дадоа на борбата за слобода.

Да се пишува и зборува за минатото на Македонија, на некој начин значи да се војува! Оти, во пишувањето на нашата македонска историја, многумина гледале и гледаат закана на нивните големодржавни интереси. Таа, македонска историја, била и е симбол на посебната македонска национална индивидуалност. Била и е доказ за величествениот борбен дух на Македонците и доказ за нашиот творечки државотворен и културен потенцијал. Затоа, нас Македонците, не само што нè одрекувале и ни го одземале правото да постоиме, туку и настојувале и настојуваат да присвојат сè што е наше! И најнашите, најмакедонските нешта, често се присвојуваат и се презентираат како туѓи.

Да се пишува и зборува за последиците од Граѓанската војна во Грција, не значи само упатување поглед кон минатото, туку, неизбежно претставува и обид да се пишува и зборува за темелните вредности на човековото постоење. Тоа е обид да се зборува за правдата и неправдата, за трагизмот и хероизмот. Всушност, да се пишува и зборува за Граѓанската војна, за последиците од неа, за Македонците од Егејскиот дел на Македонија во тоа време, значи да се пишува и зборува за сегашноста и иднината!

ИЗЖИВУВАЊЕ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

Историската фактографија бележи пред сè бројки и факти. Таа, сосема малку ги бележи злото и неправдата, реките крв и солзи, страдањата на илјадници обични луѓе. Сосема малку ја потенцира и храброста, гордоста, врбата, стремежите, родољубието, човекољубието, добрината... Кај Македонците во Егејскиот дел, сето тоа, го имало во изобилие. Тој дел од македонскиот народ, во еден збиен временски период, ја доживеал, изживеал и преживеап сета македонска историја од памтивек. Затоа, ако би се пишувало една, не македонска историја, туку една повеќетомна фундаментална македонска „Книга на книгите“, судбината на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во втората половина на XX век, бездруго би била неодминлива и централна тема.

Да се пишува и зборува за последиците од Граѓанската војна во Грција, тоа делумно значи да се пишува изборува за самата Војна. И дури, и за она што се случувапо пред нејзиниот официјален почеток. Затоа што, со крајот на Втората светска војна почнале, или поточно речено продолжиле и палењата, и убивањата, и мачењата, и силувањата, и искоренувањата, и протерувањата... Животинското Дивеење и изживување врз Македонците, спроведувано откако грчката држава завладеала со Егејскиот дел на Македонија, само добило свој континуитет. А, Граѓанската војна само до максимум ја поттикнала таквата грозоморна тенденција. Констатацијата дека и ако има пекол, тоа е Егејскиот дел на Македонија во тоа време, не е далеку од вистината!

Македонците во сета таа ситуација и немале некој голем избор. Едноставно морале да се борат. Ако не за да преживеат, тогаш достојно да умрат, И, се бореле. Со натчовечка хра брост и пожртвуваност. Масовното учество на Македонците во борбата е недвојбено. Тоа што како последица произлегло на крајот на Војната, да бидат на страната на поразениот, не менува ништо во исправноста на изборот за борба. Оти, уште еднаш да нагласиме, кренатите раце за предавање само ја продолжуват агонијата, но не ја поништуваат умирачката.

ГОРЧЛИВИ РЕПЕРКУСИИ

Значи, Македонците како поразена страна морале да ги сносат и сите негативни и горчливи реперкусии. Реперкусии кои имале карактер на геноцид.

Еве ги и бројките и фактите како поткрепа на согледувањето на вистината за животот на Македонците и последиците од нивното учество во Граѓанската војна во Грција, се разбира, овде изнесени во скратено издание.

Најголем дел од Граѓанската војна се водел на територијата на егејскиот дел на Македонија и тоа онаму каде Македонците претставувале мнозинство од населението. Оттаму, бројката од 46 македонски села кои во време на Граѓанската војна биле целосно уништени и сотрени од географската карта, воопшто не зачудува. Сепак, споменот за нив е се уште жив во колективната македонска свест... Тоа докажува дека и ако можете до темел, без остаток да ги сотрете куќите, не можете да ја уништите човековата меморија!

Натаму, историската фактографија бележи дека Граѓанската војна во Грција ги однела животите на повеќе од 150.000 лица. Во концентрациони логори беа испратени околу 40.000 лица, а 20.000 лица биле осудени за антидржавна дејност. Околу 5.000 лица биле осудени на смртна казна и егзекутирани. Околу 90.000 лица ја напуштиле земјата и никогаш не се вратиле на-зад. Најголем дел од нив, околу 56.000 лица, како политички емигранти биле прифатени во Романија, Чехословачка, Полска, Унгарија, Бугарија и Советскиот Сојуз.

Македонците ги доживеале најтрагичните последици. Животот го загубиле околу 20.000 лица од македонска националност. Повеќе од 60.000 Македонци биле откорнати од родната земја, прогонети и раселени на сите светски меридијани. Имајќи го пред-вид процентот на Македонците во вкупниот број на населението во Грција, овие бројки покажуваат дека тие претрпеле најсериозни загуби во Гра-ѓанската војна... Веќе главно прашање не претставувало какви и колкави права ќе уживаат Македонците, туку дали воопшто ќе успеат да останат и опстанат.
Со принудното напуштање на Грција од страна на борците на Демок-ратската армија и нивното населува-ње во источноевропските земји, Граѓанската војна создала категорија на „политички бегалци“ без никакви права во Грција. Овој дисккриминаторски закон останал да важи се до 1974 година, но за Македонците - „политички бегалци“ важи и ден денес.

КРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ

Преку законодавството, биле одземени државјанствата и граѓанските права на сите учесници во Демократската Армија на Грција и на оние кои ја помагале истата. На нив им бил конфискуван подвижниот и неподвижниот имот. Со сите законски решенија на грчките влади за време и после Граѓанската војна, се кршеле низа меѓународни конвенции за политичките бегалци. Така, на пример, меѓународната конвенција „За правната положба и заштитата на политичките бегалци“ од 28 јули 1951 година, прифатена и потврдена од Грција, никогаш во пракса не била почитувана, со оправдувања дека оние што за време на Граѓанската војна ја напуштиле Грција тоа го сториле доброволно.

Преку законо-давно-правни мерки биле опустошени повеќе од 30.000 домаќинства. Најголем дел од нив биле во пограничните територии населени со Македонци, бидејќи таму се вршело раселување и населување на население. Во тој поглед, законот бр. 2536 од 23 август 1953 година бил најреакционерен во однос на Македонците. Со него во длабочина од 60 км. од граничната линија требало да се иселат Македонците како „нелојални“ елементи, а на нивно место да се насели население со „чиста“ грчка крв, со чиста грчка национална свест. И сите останати законодавно-поавни мерки биле насочени пред се кон оневозможување на враќањето на Македонците на родните огништа.

Позната е Одлуката на грката влада од 1982 година, како и законот број 1540 од 1985 година со кои било дискриминаторски дозволено во Грција слободно да се вратат само „Грци по Род“, но не и Македонците. Толерирањето на ваквата грчка политика се должи меѓу останатото и на поддршката на западните земји на грчките влади во времето на Граѓанската војна. А врз основа на континуитет таквата политика, кршењето на човечките, граѓанските и наципнапните права на Македонците гарантирани со меѓународните конвенции е игнорирано од страна на сите релевантни меѓународни институции за заштита на таквите права.

Поразот во војната, за дел од македонските борци не само што значел егзил и дефинитивно откорнување од сопствените огништа, туку истовремено, значел и добивање статус на сомнителен елемент, односно „предавник на Револуцијата“. Биле судени, затворани и подложени на сурова физичка тортура од своите довчерашни соборци. Да бидеш прогласен за „предавник“ , тогаш кога буквално сè си и дал на борбата, претставува комплетен ужас, но тоа е типично за македонската судбина...

АВТОР:
Д-Р Александар Литовски

ФОТОГРАФИЈА:
Благојче Андонов

Објавно во Македонска Ризница, број 3

No comments: