Улогата на СНОФ 1

УЛОГАТА HA СНОФ И СНОВ ВО РАЗБИВАЊЕТО НА КОНТРАЧЕТНИШТВОТО ВО КОСТУРСКО АКТИВНОСТА НА СНОФ ВО БОРБАТА ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ 1

НА КОНТРАЧЕТНИЦИТЕ ВО КОСТУРСКО

Ташко Мамуровски

Раководството на КПГ и EЛAC, загрижено за ситуацијата што ја наметнал Македонско-бугарскиот комитет со своите вооружени контрачетници и вознсмирено од незадоволството што се појавило кај македонскиот народ поради неговиот националистички став во однос на македонското национално прашање, по упорно барање на Македонците било принудено да даде согласност за формирање на македонска народноослободителна организација СНОФ (Славјано македонски народноослободителен фронт) во Костурско и Леринско (159). За реализирањото на таа цел во голема мера придонесоа и контактите што ги одржувал летото 1943 година делегатот на ЦК на КПЈ во Македонија Светозар Вукмановиќ-Темпо (160) со грчките партиски раководители, а пред сè со тогашниот секретар на КПГ за Западна Македонија, Христос Андреас-Калфа (161) како и разговорите на членот на ЦК на КПМ, Цветко Узуновски-Абас (162), со претставници на ПК на КПГ за Македонија во Солун во септември 1943 година (163). Тоа од една страна. Меѓутоа, од друга страна, формирањето на СНОФ се должи пред се на тоа што во тоа време КПГ и ЕАМ не можеа да постигнат политичко единство со грчката влада во бегалство и со претставниците на граѓанските партии во Грција (164).

Организацијата СНОФ во Костурско била формирана на 20 окгомври 1943 година во селото Д'мбени, Костурско, во куќата на Кирјако Цалев, а во Леринско — во ноември истата година во селото Белкамен, Леринско.

Конститутивната конференција на СНОФ за Костурско била одржана на 25 декември 1943 година во селото Крчишта, Костурско, а за Леринско — на 26 и 27 декември истата година пак во селото Белкамен (165).

На основачкиот состанок на СНОФ за Костурско било конституирано и Окружно раководство на СНОФ на чело со Паскал Митревски, како секретар, а за Леринско — на чело со Петре Пилаев од село Екши-Су, Леринско.

Согласно со решението на Македонското биро на КПГ беше планирано двете македонски организации да се спојат во една организација за цела Егејска Македомија. За таа цел било предвидено да се одржи општа конференција на двете организации за цела Егејска Македонија. Претставниците од двете организации на СНОФ се договориле да одржат подготвителен состанок којшто ќе ја одреди нивната заедничка платформа и стратегиските цели на македонското националноослободително движење во овој дел на Македонија. Таков состанок беше одржан на 28 јануари 1944 година во селото Црновишта, Костурско (166).

(Учесници на конференцијата на СНОФ во село Д'мбени, април 1944)

Едно од основните прашања за коишто ое дискутирало беше и прашањето за создавање на единствена националноослободителна организација за цела Егејска Македонија. Меѓутоа, поради различните ставови на претставниците од двете организации, не беше можно да се најде заеднички јазик за да се постигне согласност за обединување на организацијата СНОФ од двата округа во една организација (167). Но, и покрај тоа, состанокот во Црновишта претставува големо историско значење за македонскиот народ во овој дел на Македонија. На него за првпат беа поставени пред раководството на КПГ желбите и барањата на Македонците за национално обединуваше на македонскиот народ во своите национални граници.

И покрај тоа што не дојде до спојување на двете организации на СНОФ во единствена организација за цела Егејска Максдонија, самото нејзино формирање претставува крупно значење за развојот на идејно-политичките правци на народноослободителната борба на Македонците во Костурско и Леринско. Со самото појавување на оваа организација и благодарение на нејзината активност македонските маси силно се раздвижиле и нивната борбена активност се подигнала на високо ниво. Тоа имало за цел не само да ги осуети воено-политичките планови на окупаторот и на домашнито слуги, туку коренито да го измени соодносот на силите во корист на борбата насочена против завојувачките планови на великобугарската пропаганда, којашто со помошта на своите агенти и домашните предавници се стремела да му даде обратен правец на борбата и на националните стремежи на македонскиот народ од овој дел на Македонија.

Продолжува

[Обработка А.С. скен: Македонска Библиотека]

----------

159 За формирањето и дејноста на организацијата СНОФ во Костурско и Леринско поопширно види кај Христо Андоновски, Организацијата СНОФ во Леринско, Костурско и македонскиот peoнски комитет во Воденско. Гласник, ИНИ, Скопје. 1966, X, 2—3. стр. 5—46.

160 За време на окупацијата, а поточно од февруари 1943 до крајот на 1944 година, престојуваше во Македонија во својство на делегат на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на HOB и ПОЈ.

161 Функционер на ОКНЕ. Во 1936 година беше уапсен и интерниран во Акронавплија. По ослободувањето од затворот сгана секретар на Обласниот комитет на КПГ за Западна Македонија. Загина од Германците во селото Ливера, Кожанско, на 3 февруари 1944 година.

162 За време на HOB беше член на ЦК на КПМ и на Главниот штаб ва HOB и ПОМ и политички комесар на Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија.

163 Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941—1945, Т. I, кн II. ИНИ, Скопје, 1969, док. 61, стр. 321.

163 Во август 1943 година една делегација на КПГ и ЕАМ заминала за Каиро со цел да се сретне со грчката влада во бегалство и да преговара за постигнување на политичко единство. Меѓутоа, поради непопустливоста на кралот и на граѓанските партии преговорите завршиле со неуспех. Делегадијата на КПГ и ЕАМ беше грубо наклеветена и протерана од Каиро. Поради тоа веднаш дојде до заострување на односите меѓу ЕЛАС и ЕДЕС, којашто ја помагале Англичаните и грчката влада во бегалство. Сп. Егејска Македонија вo Антифашистичката војна (1 јануари — 31 август 1944 година)..., док. 128, стр. 299, заб. 316. Разидувањата меѓу КПГ и ЕАМ, од една страна, и грчката влада во бегалсгво, од друга, ги натерала раководителите на КПГ да им исполнат на Македонците извесни барања ча да ги придобијат во борбата против реакцијата. Се разбира, тоа не беше никаква принципиелна политика од страна на КПГ во однос на македонското национално прашање. Тоа не беше никакво признавање од страна на КПГ на правото македонскиот народ да се организира и да се бори за сопствената слобода. Тоа беше само изнуден маневар. И во овој случај се работеше само за одбрана на грчките „национални интереси" во Македонија со искористување на Македонците.

165 Ристо Кирјазовски, Македонски национални институции во eгeјскиот дел на Македонија..., стр. 23.

166 Истото

167 Истото

No comments: