Народни песни од овчеполско во оставнина на Димитар Матов

Д-р Гане ТОДОРОВСКИ (Скопје)

НАРОДНИ ПЕСНИ ОД ОВЧЕПОЛСКО, НАЈДЕНИ ВО ОСТАВНИНАТА НА ДИМИТАР МАТОВ

Во малата оставнина на Димитар Матов (1), која се чува во Софија, во „Български исторически архив" (при Народната библиотека Кирил и Методи), фонд №51, II A 1670-1680, се наоѓа ракопис од четири листа, средна големина (обична осмина), испишани на сите свои осум страници. Тоа се четири народни песни од Овчеполско, кои познатиот собирач на македонски народни песни Авксенти Георгиев му ги испратил на Димитар Матов, тогашен уредник на солунското списание „Книжници за прочит" (2), во 1889 година.

Запишани пред осумдесет години, запишани од специјалист што соработувал со прилози од македонскиот фолклор по повеќе бугарски списанија во Турција и Бугарија во втората половина на минатиот век, овие песни се значајни, пред сè, заради нивната тема, јазик и крај, од кој можеби најмалку фолклорни записи ни се познати.

Песните, четири на број, изнесуваат сè на сè 131 стих. На првата страна од ракописот стои запишано од раката на собирачот: „Овие народни песни се од Овчеполската област, Кумановска околија, имено од с. с. Винце и Кокошиње, кадешто наречјето стои помеѓу истото Кумановско (опишано во „Книжици", I-та книга) и Штипското".

Белешката е напишана на бугарски јазик, со кој тоа време се служел поголемиот дел од македонската интелигенција, а и на кој јазик излегуваат во Солун „Книжици за прочит". Меѓутоа, фолклорниот запис (т. е. четирите песни) го чува негибнат говорот на крајот од каде што се запишани песните. Запишувачот Авксенти Георгиев бил до таа степен внимателен, та се погрижил дури и секој збор да го акцентира, што говори дека претензиите на Димитар Матов биле списанието „Книжици за прочит" да го подигне на завидно научно ниво (3).

Го прилагаме овој занимлив и значаен запис на народни песни од Овчеполско (с. с. Винце и Кокошиње) онака како што е предаден во ракописот на А. Георгиев, испратен по писмен пат до Д. Матов, во Солун 1889 г. стр. 1 :

Тези народни песни са от Овчеполската област, Кумановска околия, именно от с. с. Винце и Кокошиние, гдето наречието стои между също Кумановското (описано в „Книжици", I-ва книжка) и Щипското.

стр. 2 : (празна)

стр. 3 :

































































































1) Димитар Матов е познат бугарски научник од македонско потекло. Роден на 15 мај 1864 година во Велес, во семејство на заможни родители, тој има прилика да се школува во Русија и во Европа, стекнувајќи темелити познавања за едно попретенциозно извишување во науката. За жал, прераната смрт му го попречува тој очигледен успех. Умира при една операција во Дрезден, на 28 септември 1896 година, на штотуку пречекорената триесетивтора година.

Се школува во родниот град, а продолжува гимназиско образование во градот Николаев (денешна Украинска ССР), каде што во тогашниот Јужнословенски пансион се учеле повеќемина Македонци. Во Харков (Украина) завршува филозофски факултет во 1888та г. По завршувањето на факултетот доаѓа во Солун, каде што останува две-три години (1888—1890) како професор во Солунската бугарска гимназија. Потоа заминува во Виена и Лајпциг за да специјализира славистика и фолклористика кај Јагиќ и Лесинг. На проаѓањето низ Софија, истата, година, се запознава со истакнатиот бугарски стенограф и литературен историчар Иван Д. Шишманов, кој му предлага да остане во Софија. Извесно време работи со него, во издавањето на Сборник за народни умотворенија, наука и книжнина, а потоа е избран за доцент на Вишето училиште во Софија и таму држи предавања по словенска етнографија. Меѓувремено, соработувајќи активно во „Сборник за народни умотворенија, наука и книжнинa", „Бъглгарски преглед", „Периодическо списание" и други познати научни публикации во Бугарија од тоа време и набргу стекнува глас на мошне солиден етнограф, лингвист и фолклорист. Се занимава активно и со македонското прашање, при кое ги прифаќа бугарските буржоазни гледишта и толкувања на етногенезата на македонскиот народ.

Матов е најпознат со своите фолклорни проучувања. Заедно со Михаил Драгоманов и Иван Шишминов, тој се јавува како основач на бугарската народонаука. На него особено многу влијаеле познатите руски учени Потебња и Веселовски, а особено неговиот професор од Харков Н. Сумцов. Сите овие се истакнати претставници на споредбено-историскиот метод во фолклористиката.

Најпознатите трудови од областа на фолклористиката му се: „Нави" (Книжници за прочит III Солун, 1889), „Верзиуловото коло и навише (Бъглгарски преглед, II, кн. IX—X, Софија, 1894), ,}При- камш за правината и кривината" (Книжици за прочит, VI, Солун и СбНУНК, IX, Софија), „Песната за сончевата женидба" (СбНУНК, X) „Неверна Грујовица" (Български преглед, II, кн. I), „Дали е епостот најстариот род во поезијата" (Кглг. преглед, II, кн. III) итн. Во сите овие свои студии Димитар Матов главно се задржува врз примери од македонските народни умотворби.

За Матов пишувале повеќемина, меѓу кои: Иван Д. Шишманов, Л. Милетич, А .П. Стоилов, Михиил Арнаудов итн.

2) Списанието „Книжици за прочит" излегува во Солун во текот на 1889, 1893 и 1895-та години. Полниот наслов на ова списание гласи: КНИЖИЦИ ЗА ПРОЧИТ. С белетристическо, техничиско, научно и забавително съдържание. Го издавала печатницата и книжарницата на Коне Г. Самарџиев. Родактори биле Димитар Матов и Васил К`нчев. Се објавувале прилози од литературата, етнографијата, јазикот, како и фолклорни материјали од Македонија. Врз страниците на ова списание, кое за своето време се наоѓа на вонредно високовалитетно ниво, ја отпочнува Димитар Матов својата блескава научна кариера. Интересно е да се проучат фолклорните материјали публикувани во ова списание, а кои ги има речиси од сите краишта на Македонија (Костурско, Воденско, Велешко, Штипско, Ресенско, Горноџумајско, ити.). Во ова списание соработувале и Трајко Китанчев, Евтим Спространов, A. П. Стоилов, и други.

3) ,,Книжици за прочит" отпочнуваат мошне претенциозно. Ова списание треба да биде централно литературно-научно гласило во Македонија. Во времето кога издавачот Коне Самарџиев се решава да го издава списанието во Солун, таму се наоѓаат најистакнатите претставници на македонската интелигенција: Григор Прличев и Трајко Китавчев сè професори во егзархијската гимназија, Кузман Шапкарев едно време престојува таму, Ѓорче Петров и Дамјан Груев учат и работат како коректори, Петар Поп-Арсов и Иван Хаџи Николов, заедно со Христо Татарчев се готват да изнајдат истомисленици за идната ВМРО. Воопшто во Солун последните две децении на минатиот век се слават голем број Македонци, така што во овој град помеѓу 1890 и 1912 година излегуваат повеќе периодични публикации на Македонците, но главно ва бугарски и помал број на српски јазик.

4) Правописот со кој се предадени песните е упростен, т. е. сведен на нормите на денешната бугарска ортографија, што звачи дека некои знаци се испуштени и тоа: Ҍ насекаде е заменето со е, како што тоа и природно се одразува во овчеполските говори, знакот за позицијата на големата носовка се среќава само еднаш, и тоа во отворен слог, та следствено е заменет со a, додека знакот за големиот ер (ъ) редовно е испуштан на крајот од зборовите, а задржан насекаде во позициите на неговото функционално постоење (слоговното р, слоговното л, како и насекаде кај што се среќава темниот вокал, на пр.: съга, лъсно, тънка, излъжу, итн.). Ова го сторивме заради респектот кон запишувачот, кој се служел со бугарскиот јазик, а приложениов фолклорен запис треба да си има и стојност на архивски документ.

Единствената измена во текстот е извршева во пишувањето ва големата буква. Имено, запишувачот ги дава сопствените имиња: Бано и Бановица со мали букви, што е очигледно грешка (види ги стиховите бр. 46, 49, 52, 66, 72 и 80), та, бездруго требаше да ја корегираме.

No comments: