August 23, 2012

Прва македонска егејска бригада 3

Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија

Благоја Талески

Тогаш се појавија и големобугарските „душебрижнички" емисари. Меѓу првите бешe поручникот Андон Калчев како бугарски претставник при Германската командантура во Воден со задача да ги брани интересите на „бугарското население". Зад таквиот лажен параван всушност се криеше голем крвник кој направи безброј злодела над македонскиот народ во Егејска Македонија, било со своите единици на „Охрана" (заштита) или заедно со германските, на ПАО или со други големо-грчки сили, но секогаш според плановите и задачите на германскиот окупатор на кого што му служеше покорно. Основното во тие планови секогаш беше внесување раздор, засилување на недовербата и антагонизмот врз политичка, национална, верска или друга основа, за да се разбие единството, за да слабнее отпорот, и од такви средини да се создава своја резерва и сојузник. Co оглед на бројноста и револуционерните традиции и стремежи на македонскиот народ во Егејска Македонија, очигледно беше дека Германците вложуваа посебни напори барем да го неутрализираат ако веќе не можеа да го придобијат на своја страна. Таквите планови и обиди траеја во сите години на војната, за да заврши неславно и последниот обид со Ванчо Михајлов, во летото на 1944 година.

Во такви услови, големи и тешки беа задачите, должностите и одговорностите на комунистите и другите вистински патриоти во Грција. За Македонците — комунисти сето тоа беше многу потешко поради фактот што Партијата и ЕАМ во рамките на глобалната политичка платформа немаа, реално на условите и потребите, јасен и мобилизаторски став за улогата и правата на малцинствата во Грција, во тој ред и на македонскиот народ во Егејска Македонија, во заедничката борба за ослободување на Грција од фашистичките окупатори и по завршувањето на ослободителната војна. Всушност недостигаа јасни гледања и од самото раководство на Комунистичката партија за самиот демократски карактер на народноослободителната борба, дека националното ослободување во тогашните конкретни услови во Грција и на грчкото општество не може да се издвои од народнодемократскиот карактер и воспоставувањето на народнодемократската власт. Затоа во сите години на војната беа присутни недоречености, колебања и компромиси што ја слабееја ударната сила на борбата и влијаеја за нејзиниот неповолен крај. (Наум Пејов, Македонците и Граѓанската војна во Грција, 1960 стр. 14 - 15).

Овие аслекти не беа ни споменати во народноослободителните задачи формулирани од страна на привременото раководство на КПГ на Шестиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција одржан во јули 1941 година. (Четириесет години на КПГ — 1918 — 1958, избрани документи, страна 468. Издание на ЦККПГ).

На Седмиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција, одржан во јануари 1942 година, во контекстот на потенцираната потреба од сплотување на сите прогресивни сили за национално ослободување и демократска преродба на Грција, доста скромно место им е дадено на националните малцинства во Грција. Во таа смисла, во тогашната внатрешна и надворешна констелација и односи на силите, во точката 5 од Документот, во делот "Национално малцинство", е запишано:

"...Нашата Партија треба да ја развие целата своја активност за да ги поучи националните малцинства и специјално Славјаногласните Македонци да не бидат повлечени од омраза поради националното угнетување од грчките капиталисти и сегашната демагогија на окупаторите, a особено од бугарскиот империјализам, кој им е сателит на Хитлер и на Мусолини. Националните малцинства треба да ја соединат својата борба заедно со Народноослободителната борба на грчкиот, на српскиот и на бугарскиот народ против грабачката фашистичка Оска, за победа на Советскиот Сојуз и поробените народи, зашто само тоа претставува гаранција на нивно национално и социјално ослободување". (Исто, стр. 504 — 506).

Сличен декларативен и воопштен став зазела и Земската конференција на Комунистичката партија на Грција, одржана во декември 1942 година, каде што во делот „А. Национални малцинства" е запишано:

"...Нашата партија, бидејќи е за полна национална рамноправност на националните малцинства што живеат во Грција, треба да ги вложи сите напори за да ги запознае со опасноста од обидот на фашистичката Оска да ги употреби како свои орудија. Нацио- налните малцинства треба да се организираат врз основа на борбата против Оската и заедничката антифашистичка борба на грчкиот народ за победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници кои претставуваат гаранција за слободно и братско сожитвлство на сите народи". (Истиот извор)

BO ТАКВИ УСЛОВИ HA ИНИЦИЈАТИВА HA ВОДЕНСКИТЕ КОМУНИСТИ во април 1942 година беше формирана Македонска антифашистичка организација — MAO, по средбата на видни македонски комунисти, во присуство на организациониот секретар на Окружниот комитет на КПГ за Воденско, а врз основа на расправата на тема: местото и улогата на македонскитв комунисти и антифашисти во насочувањето на антифашистичката борба на Македонците, во ситуација на негаторско однесување на КПГ спрема македонските стремежи, особено во услови на засилена националистичка грчка и бугарска пропаганда. (В. Ајановски, Егејски бури, 1975, стр. 90 — 96).

МАО, чие јадро го сочинуваа членови на КПГ, дејствуваше во духот на КПГ, како дел на антифашистичкиот фронт на Грција — ЕАМ, во борбата за ослободување на Грција од германска, италијанска и бугарска окупација, за демократска преродба на земјата и за извојување на националните права.

Првиот Окружен комитет на МАО го сочинуваа Ангел Гацов, трговец, Ристо Кордалов, работник, Дини Папајанков земјоделец, Вани А. учител и Вангел Ајановски, работник, секретар на МАО.

Покрај активностите против германскиот окупатор, МАО енергично се ангажира против фашистичката големобугарска опасност и израсна во предводник на борбата на македонскиот народ во Воденско против бугарската фашистичка пропаганда и дејствата на злосторникот Калчев. МАО ги поддржуваше и им даваше целосна поддршка на илегалците и партизанските единици на КПГ и ЕАМ, што дејствуваа во Водeнско или беа на поминување.

Појавата на Македонската антифашистичка организација, и весникот „Црвена Ѕвезда" како нејзин орган, широко одекна и беше со радост прифатена, пред се, преку масовно вклучување во нејзините редови. Тоа беше прва организација на македонскиот народ во Егејска Македонија која повикуваше на антифашистичка и националноослободителна борба, а „Црвена Ѕвезда" прв весник што се печатеше на мајчин јазик.

No comments: