Прстен ми падна, мале

ПРСТЕН МИ ПАДНА МАЛЕ

Прстен ми падна, мале,
прстен ми падна,
прстен ми падна, мале,
отаде река.

Отаде река, мале,
отаде река,
отаде река, мале,
во песочина.

Во песочина, мале,
во песочина,
во песочина, мале,
на месечина.

Овчар помина, мале,
овчар помина,
овчар помина, мале,
тој ми го најде.

Таксај му, таксај нешо,
шо ќа му таксаш,
таксај му, таксај нешо,
шо ќа му таксаш.

И да му такса, мале,
и да му такса,
и да му такса, мале,
фајда си нема.

Танец

No comments: