Млај неесто горски трндафил

МЛАЈ НЕЕСТО ГОРСКИ ТРНДАФИЛ

Млај неесто горски трндафил
синојќа ти дојде мори од гурбет,
и прва маана мори ти најдов.

И прва маана мори ти најдов,
лицето ти беше мори шарено,
за кого си го мори шарила?

Асане млади стопане,
сум чула Асан да ќе доиќаш,
за тебе сум го Асан шарила.

Млај неесто горски трндафил
и друга маана мори ти најдов,
посетеља ти беше мори послана.

Асане млади стопане,
твои га деца Асан послале,
послале Асан и растрлиле.

Асане млади стопане,
твои га деца Асан послале,
послале Асан и растрлиле.

Млај неесто горски трндафил,
и трета маана мори ти најдов,
синојќ ти ламба мори светеше.

Асане млади стопане,
чини ми Асан шо ча ми чини,
он ми је Асан први гледаник.

Ученици од ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" Скопје

No comments: