Слегов долу во избата

СЛЕГОВ ДОЛУ ВО ИЗБАТА

Слегов долу во избата,
там си најдов невестата.

Там си најдов невестата
со главата под бочвата.

Со главата под бочвата,
а устето под чепчето.

Што ке капне на земјата,
нека капне во устата.

Никола Бадев

No comments: